По завршувањето на првиот дел од конференцијата денес во министерството за внатрешни работи се одржа работна средба помеѓу дополнителниот заменик министер Оливер Андонов и Директор на европскиот совет за безбедност на патиштата г. Антонио Авеносо и Претседателот на меѓународната организација за безбедност на сообраќајот на патиштата г. Бенацер Булеажул. На средбата присуствуваше и Претседателот на РСБСП г. Стојче Стаменковски.
Теми на состанокот беа взаемната соработка помеѓу МВР и РСБСП, заедничките мерки кои се превземаат за подигнување за безбедност во сообраќајот и идните мерки и активности кои ќе се превземат во таа област.