Нова кампања за поголема безбедност на децата во сообраќајот „Секој ден да е безбеден“ – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Нова кампања за поголема безбедност на децата во сообраќајот „Секој ден да е безбеден“

    1. Насловна
    2. Кампањи
    24 септември 2016

    Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата со новата кампања за заштита на децата во сообраќајот, насловена „Секој ден да е безбеден“, уште еднаш ја потенцира највисоката општествена цел и врвниот општествен приоритет на поединците и на надлежните институции-безбедноста на децата.

    Кампањата ќе се реализира во соработка со Општинските совети за безбедност на сообраќајот на патиштата и со надлежните институции на ниво на Република Македонија. РСБСП цели кон тоа да се задржи континуитетот на сообраќајна едукација, а со тоа децата да се стекнат со трајни навики кои секојдневно ќе ги практикуваат во текот на целиот живот, а со тоа да се унапреди безбедноста на сообраќајот на патиштата, како кај децата, така и кај возрасните, преку практикување на повисоко ниво на култура, свест и одговорност во сообраќајот.

    Активностите од кампањата ќе бидат реализирани во наредните 6 месеци, кога ќе бидат организирани повеќе јавни настани за подигање на свеста за заштита на децата во сообраќајот, едукативни материјали и предавања за децата и возрасните, дефилеа, како и реализација на голем број активности, меѓу кои „Децата како коректор на возрасните“, организација на сообраќајно-едукативни предавања во детски градинки на тема „детски седишта“ и поделба на едукативен материјал–боенки и картички со пораки кои ќе бидат подарок за родителите од нивните најмили.

    „Децата се нашето најголемо богатство, а наша лична одговорност е секој ден да вложуваме максимални напори за намалување на децата-жртви во сообраќајот и токму затоа апелираме, сите поединци, родители, надлежни институции и останати општествени чинители да се вклучат во оваа кампања, да ја поддржат и да дадат свој придонес кон остварување на нејзините цели“–истакна претседателот на РСБСП, Стојче Стаменковски.

    Во таа насока, РСБСП и понатаму ќе се заложува за безбедност на децата во сообраќајот, тргајќи од фактот дека во 2015 година, вкупно 22 лица на возраст до 18 години го загубиле животот во сообраќајни незгоди, од кои 9 биле деца на возраст до 4 години. Паралелно со овие активности, РСБСП ќе продолжи да ги остварува целите од Глобалната кампања на Обединетите нации, Save Kids Live–Нула деца жртви во сообраќајни незгоди.

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Горан Зовак од Загреб, со свое излагање на Конференцијата
    Следна Објава:
    За поголема безбедност на децата-пешаци во сообраќајот
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Последни објави од РСБСП

    • Мото сообраќајно-едукативна активност наменета за пешаците, мотоциклистите, велосипедистите и корисниците на е-тротинети
    • Едукативно видео: На експресен пат почитувај ги правилата кои спасуваат животи!
    • Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS