Марш за будење на свеста за одговорно учество во сообраќајот – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Марш за будење на свеста за одговорно учество во сообраќајот

    1. Насловна
    2. Активности
    img_0048
    18 ноември 2015

    Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата продолжува со најавените активности по повод одбележувањето на Светскиот ден на сеќавање на жртвите во сообраќајни незгоди.

    По тој повод, денес заедно со учениците од СУГС „Владо Тасевски“, се одржа марш за будење на свеста за одговорно учество во сообраќајот. Учениците маршираа да алармираат за големиот број лица кои оваа година го загубија животот во сообраќајни незгоди. За време на дефилето, со балони и ѕвона, учениците повикаа да се разбуди совеста за одговорно учество во сообраќајот кај сите учесници во сообраќајот.

    На крајот од маршот претставниците на РСБСП заедно со учениците од „Владо Тасевски“ и претставници на МВР го запреа сообраќајот на 124 секунди. Со молк оддадоа почит за загубените 124 животи и пуштија 124 балони кои ги симболизираат лицата кои оваа година го изгубија животот во сообраќајни незгоди, во знак на нивно сеќавање.
     

    “Оваа недела ја посветуваме на жртвите во сообраќајни незгоди и ја истакнуваме високата цена која ја плаќаме од несовесното однесување во сообраќајот. Човечкиот живот е бесценет и затоа не смееме да дозволиме момент на невнимание и непромисленост да се претвори во нечија семејна трагедија. Со овој настан сакаме уште еднаш да се потсетиме на оние кои оваа година го загубија животот на патиштатата во Република Македонија и уште еднаш да апелираме до сите возачи, велосипедисти, мотоциклисти, пешаци – до сите учесници во сообраќајот – да внимаваат како се однесуваат во сообраќајот и со нивното одговорно учество да го дадат својот придонес, како за нивната така и за безбедноста на останатите учесници“, изјавија од РСБСП.

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    12234880_1648306745444187_8223821158776562570_n
    Претходна Објава:
    Младите од Кочани со свој придонес во кампањата за заштита на децата во сообраќајот
    Следна Објава:
    Едукативни работилници и сообраќајно дефиле по повод Светскиот ден за сеќавање на жртвите во сообраќајни незгоди
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Последни објави од РСБСП

    • Превентивно-едукативна акција на Г.П. Меџитлија: „Безбедно во лето – #ВозиОдморен“
    • РСБСП започнува со „Летна кампања 2025“ – Вози одморен!
    • Мото сообраќајно-едукативна активност наменета за пешаците, мотоциклистите, велосипедистите и корисниците на е-тротинети

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS