РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    1. Насловна
    2. Активности
    3. Конференции
    9 мај 2025

    По повод 11 мај Меѓународниот ден на сообраќајната култура, на 9 мај 2025 година, на Техничкиот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола се одржа трибина посветена на значењето на сообраќајната култура и унапредувањето на безбедноста на патиштата.

    Настанот беше организиран во соработка со катедрата за сообраќај при Факултетот, а свои излагања имаа истакнати претставници од институциите кои работат на полето на безбедноста во сообраќајот. На трибината се обратија помошник командирот во ПС за безбедност на сообраќај Битола, началникот од отсекот за превенција при СВР Битола, проректорите – Професор Јасмина Буневска-Талевска и Професор Зоран Јошевски, воедно и член на РСБСП, како и претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата 🚗🚶🚲🏍

    Во своето обраќање, Ангеловски потенцира дека сообраќајната култура не е само збир од правила и прописи, туку одраз на општествените вредности и личната одговорност. Тој истакна дека идните инженери и проектанти, какви што се студентите од техничките и сообраќајните факултети, имаат клучна улога во изградбата на безбедна и одржлива сообраќајна инфраструктура, и ги повика да ги имплементираат принципите на безбедност и култура во секој аспект од својата работа.

    „Нашата заедничка мисија е да изградиме генерации што ќе го разберат сообраќајот не како натпревар, туку како заеднички простор на трпение, почит и одговорност“, истакна Ангеловски.

    Тој додаде дека РСБСП останува посветен на соработката со академската заедница преку едукативни и превентивни активности, кои ќе придонесат за промена на сообраќајната реалност во земјата.

    Настанот заврши со повик до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и одговорни, бидејќи сообраќајната култура е предуслов за намалување на незгодите и заштита на човечките животи.

    " 11 Мај, Битола, Горан Ангеловски, Ден на сообраќајна Култура, Зоран Јошевски, Македонија, РСБСП, Технички факултет
    Претходна Објава:
    РСБСП и Македонското радио започнуваат директна соработка во насока на подигнување на јавната свест и сообраќајна култура
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Меѓународна конференција во Република Србија на тема:„Безбедност на сообраќајот во локалната заедница“

    Одржана јавна дебата „Безбедноста на пешаците – одговорност на сите нас“ по повод Недела на пешаците

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура
    • РСБСП и Македонското радио започнуваат директна соработка во насока на подигнување на јавната свест и сообраќајна култура
    • РСБСП апелира за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на првомајските празници!

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS