“Ротаракт Клуб” од Кочани, во координација со Полициската Станица – Кочани, ОСБП, основните и средните училишта, спроведоа акција за подигање на свеста на учесниците во сообраќајот, со цел внимателно возење и претпазливост на места каде има зголемена фрекфенција на деца. На неколку локации во градот се делеа флаери и учесниците во акцијата имаа пораки до возачите.
РСБСП истакнува дека ваквите акции даваат голем придонес во зголемувањето на безбедноста на сообраќајот на локално ниво, особено затоа што во нив се вклучени локални организации и лица. Тие со својот авторитет имаат големо влијание, а воедно даваат и личен пример за тоа што може да направат за местото во кое живеат и растат нивните најмили.