Со парк во спомен на загубените животи одбележан Светскиот ден на сеќавање на жртвите во сообраќајни незгоди – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Со парк во спомен на загубените животи одбележан Светскиот ден на сеќавање на жртвите во сообраќајни незгоди

    1. Насловна
    2. Активности
    img_9793
    15 ноември 2015

    По повод 15 Ноември, Светскиот ден на сеќавање на жртвите во сообраќајни незгоди, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, организира акција за уредување  на спомен парк посветен на лицата кои оваа година го загубија животот во сообраќајни незгоди во Република Македонија.

    Во паркот кој е лоциран на Средно Водно, се засадија 124 зимзелени дрвца како симбол на вечното сеќавање на загубените  животи во сообраќајни незгоди.  Паркот ќе го носи името “Парк на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди” и истиот ќе биде сведок на фаталните последици од сообраќајните незгоди.

    Претседателот на  Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, м-р Стојче Стаменковски, посочи дека денешниот ден е ден во кој оддаваме почит и спомен на загинатите лица и се солидализираме со нивните најблиски.

    “Овој ден треба да не потсети дека одговорноста за загубените животи е заедничка одговорност на сите учесници во сообраќајот и единствено преку поголема совесност, дисциплина и одговорност може да придонесеме кон побезбеден и посигурен сообраќај. Исто така, испраќаме апел до сите граѓани кои на било кој начин учествуваат во сообраќајот да извлечат поука за важноста и потребата од одговорно учество во сообраќајот и за фаталните последици кои произлегуваат од неодговорното учество во сообраќајот”, истакна Стаменковски.

    Директорот  на Комисијата за односи со верските заедници, Валентина Божиновска, информираше дека оваа недела во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на сеќавање на жрвтите во сообраќајни незгоди, во сите верски храмови во Република Македонија ќе се одржи молибден за изгубените човечки животи на македонските патишта.

    Претставниците на верските заедници ќе ги повикаат своите верници преку почитување на сообраќајните правила и прописи да го почитуваат сопствениот животот и животот на останатите.

    Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата по повод Светкиот ден на сеќавање на жрвтите во сообраќaјни незгоди во текот на наредната недела ќе организира едукативни настани во повеќе градови низ Република Македонија, со цел подигнување на јавната свет за почитување на сообраќајните правила и прописи.

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    img_9593
    Претходна Објава:
    15 Ноември – Светски ден на сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди
    Следна Објава:
    Младите од Кочани со свој придонес во кампањата за заштита на децата во сообраќајот
    12234880_1648306745444187_8223821158776562570_n
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Меѓународна конференција во Република Србија на тема:„Безбедност на сообраќајот во локалната заедница“

    Одржана јавна дебата „Безбедноста на пешаците – одговорност на сите нас“ по повод Недела на пешаците

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура
    • РСБСП и Македонското радио започнуваат директна соработка во насока на подигнување на јавната свест и сообраќајна култура
    • РСБСП апелира за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на првомајските празници!

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS