Едукативни работилници и сообраќајно дефиле по повод Светскиот ден за сеќавање на жртвите во сообраќајни незгоди – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Едукативни работилници и сообраќајно дефиле по повод Светскиот ден за сеќавање на жртвите во сообраќајни незгоди

    1. Насловна
    2. Активности
    19 ноември 2015

    По повод кампањата за одбележувањето на Светскиот ден за сеќавање на жртвите во сообраќајни незгоди, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, продолжува со активности за подигнување на јавната свест за фаталните последици од непочитувањето на сообраќајните правила и прописи.

    Со цел намалување на бројот на загинати и на повредени во сообраќајни незгоди, преку едуцирање на младите за штетното влијание на алкохолот и на психотропните супстанции врз нивната способност за управување со моторно возило, денес беа организирани сообраќајно-едукативни работилници со студентите од „Американ колеџ“ и  „МИТ Универзитет“. Во рамките на работилницата со свои предавања се вклучија и претставници од АМСМ кои со помош на таканаречените „Пијани очила“ практично им покажаа на студентите каква е нивната перцепција и физичка способност кога се под дејство на алкохол и психотропни супстанции. Посебен акцент ставија на текстирањето и употребата на мобилните телефони, смартфони и други електронски уреди и нивното влијание врз безбедното управување со моторно возило.

    Со оддавање почит на една од најголемите македонски музички ѕвезди, а со цел уште еднаш да потсетиме дека сообраќајните незгоди се случуваат секому, секаде и во секое време и повторно да повикаме за повисоко ниво на одговорност во сообраќајот, претставници од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и претставници од општина Крушево, заедно со голем број деца и родители од Крушево и Кривогаштани, на 18 ноември (четврток) го посетија вечното почивалиште и спомен музејот на Тоше Проески. При посетата, покрај испратените искрени, детски пораки за внимателно однесување во сообраќајот, беа запалени и 124 свеќи во форма на срциња кои ја симболизираат неизмерната лубов кон Тоше и кон сите оние кои оваа година го загубија животот во сообраќајни незгоди.

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    img_0048
    Претходна Објава:
    Марш за будење на свеста за одговорно учество во сообраќајот
    Следна Објава:
    Граѓаните со своите идеи ќе помогнат во подобрување на безбедноста во сообраќајот
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Меѓународна конференција во Република Србија на тема:„Безбедност на сообраќајот во локалната заедница“

    Одржана јавна дебата „Безбедноста на пешаците – одговорност на сите нас“ по повод Недела на пешаците

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура
    • РСБСП и Македонското радио започнуваат директна соработка во насока на подигнување на јавната свест и сообраќајна култура
    • РСБСП апелира за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на првомајските празници!

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS