РСБСП и МВР: Внимателно управувајте ги земјоделските машини, четири лица годинава загинале во сообраќајни несреќи со трактор.
Во неделата на 23.10.2022 година, во Кичево и околината, РСБСП и МВР реализираа превентивни активности за едукација на возачите на трактори и земјоделски машини. Овие активности се во рамки на кампањата „Безбедно возење на трактор и земјоделски машини“. Целта на кампањата е подигање на свеста за одговорно учество во сообраќајот на возачите на трактори и земјоделски машини.
„Обрнете внимание на тракторите и земјоделските машини – и тие рамноправно учествуваат во сообраќајот, а возачите кои управуваат со трактор да возат технички исправни и означени трактори за да бидат видливи во сообраќајот. Безбедноста на прво место!” – истакна претседателката на РСБСП, м-р Гордана Кожуваровска.

Помошникот министер за односи со јавност во МВР, Тони Ангеловски соопшти дека во првите девет месеци од оваа година, четири лица загинале во сообраќајни несреќи со трактор, од кои двајца се возачи на трактори, а двајца сопатници.
„Истите бројки ги имавме и во првите девет месеци од 2021 година, а се повторуваат и годинава. Тракторите не можат да се движат кој знае колку брзо, но проблем е неисправноста на машините и возачките грешки. Затоа упатуваме апел за максимална внимателност при управување на трактори, затоа што грешките можат да бидат фатални“ – рече Ангеловски.