Од 13 до 15 октомври 2022 год., во Златибор, Република Србија, се одржа Форум за унапредување на системот за безбедност на сообраќајот 2022 под мотото „Визија нула загинати деца во сообраќајот“. На Форумот РСБСП го претставуваше м-р Гордана Кожуваровска, претседател на РСБСП. Целта на Форумот беше придонес за намалување на децата-жртви во сообраќајни незгоди, а организатори беа Агенцијата за безбедност на сообраќајот и Министерството за внатрешни работи на Република Србија.
На Форумот беа разменети искуства и добри практики од областа на безбедноста во сообраќајот низ интерактивни работилници и панел дискусии на кои присуствуваа претставници на Агенцијата за безбедност на сообраќајот и повеќе министерства од Република Србија (Министерството за внатрешни работи, Министерството за образование, наука и технолошки развој, Министерството за градежништво, сообраќај и инфраструктура, Министерството за финансии и др.), претставници од локалните самоуправи на Р. Србија, како и гости од РСМ и Република Српска.