Известување за воведување на летен времен режим на сообраќај за ТТВ на државните патишта – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Известување за воведување на летен времен режим на сообраќај за ТТВ на државните патишта

    1. Насловна
    2. Корисни Совети
    30 јуни 2026

    ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ВОВЕДУВАЊЕ НА ЛЕТЕН ВРЕМЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ ЗА ТЕШКИ ТОВАРНИ ВОЗИЛА НА ДРЖАВНИТЕ ПАТИШТА

    Со цел унапредување на безбедноста на сообраќајот, обезбедување непречен проток на возилата во периодот на зголемена летна фреквенција, како и заштита на патната инфраструктура од оштетувања предизвикани од екстремно
    високите температури, во периодот од 1 јули до 31 август се воведува летен времен режим на сообраќај на државните патишта во Република Северна Македонија.

    Согласно утврдениот режим, се воведува времена забрана за движење на тешки товарни возила со вкупна дозволена маса над 15 тони, за време на викендите, како и во денови со екстремно високи температури, во следните временски
    интервали:

    петок: од 17:00 до 22:00 часот;
    сабота: од 09:00 до 18:00 часот;
    недела: од 09:00 до 22:00 часот.

    Дополнително, на магистралниот пат А2, делница Скопје – Охрид – Скопје, се применува посебен режим на сообраќај, при што е забрането движење на товарни возила со вкупна дозволена маса над 7,5 тони, во следните термини:

    петок: од 15:00 до 22:00 часот;
    сабота: од 07:00 до 12:00 часот и од 18:00 до 24:00 часот;
    недела: од 07:00 до 22:00 часот.

    Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелира до сите правни и физички лица кои вршат транспортна дејност, како и до возачите на тешки товарни возила, доследно да го почитуваат утврдениот времен режим на сообраќај, навремено да ги планираат транспортните активности и целосно да постапуваат согласно ограничувањата.

    Почитувањето на овие мерки претставува значаен предуслов за намалување на сообраќајните ризици, зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот, зачувување на патната инфраструктура и обезбедување побезбедно
    и поефикасно одвивање на сообраќајот во периодот на летната туристичка сезона.

    Безбедноста во сообраќајот е заедничка одговорност – почитувањето на сообраќајните правила и ограничувања значи заштита на човечки животи.

    " забрана, камиони, Македонија, Патошта, РСБСП, Тешки товарни возила
    Претходна Објава:
    Ангеловски на работилница за одржлива урбана мобилност – дел од активностите за унапредување на безбедноста на сообраќајот
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Ангеловски на работилница за одржлива урбана мобилност – дел од активностите за унапредување на безбедноста на сообраќајот

    РСБСП на панел дискусија на Технички Факултет Битола по повод Меѓународен ден на културата во сообраќајот

    11 Мај – Меѓународен ден на културата во сообраќајот

    Последни објави од РСБСП

    • Известување за воведување на летен времен режим на сообраќај за ТТВ на државните патишта
    • Ангеловски на работилница за одржлива урбана мобилност – дел од активностите за унапредување на безбедноста на сообраќајот
    • РСБСП со апел: Внимателно и одговорно во сообраќајот за продолжениот празничен викенд

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS