Вие сте тука

Граѓаните со своите идеи ќе помогнат во подобрување на безбедноста во сообраќајот

Со свои идеи за подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата, граѓаните отсега ќе можат и директно да учествуваат во креирање на програмата на Републичкиот совет за безбедност на патиштата за 2016 година.

Пешаците, велосипедистите и шоферите кои и најдобро ја познаваат состојбата на патиштата и се сведоци на голем број ситуации што се случуваат на улиците, токму тие со своето искуство ќе можат да помогнат и да ги споделат своите идеи кои би се употребиле во кампањите на РСБСП, се со една единствена цел, а тоа е безбедно да се чуствуваме на патишата, без разлика дали сме пешак, велосипедист или шофер.

Од РСБСП посочуваат дека ваквиот процес на консултација со граѓаните е со цел креирање и промоција на квалитетни политики во кои индивидуалниот пристап и придонес е клучот за подобрување на безбедноста во сообраќајот.

-Започнавме процес во кој ќе имаме консултација со граѓаните со која ќе можеме да спроведеме поквалитетни политики за подобрување на безбедноста во сообраќајот. Очекуваме граѓаните да се вклучат во овој процес и да ги споделуваат своите идеи бидејќи на крај сите сме засегнати од безбедноста во сообраќајот и потребно е сите активно да учествуваме во тој поглед, истакна Секретарот на РСБСП, Ристо Манчев. Тој понатаму посочува дека индивидуалниот пристап и придонес од страна на граѓаните е клучот за подобрување на безбедноста во сообраќајот. 

Граѓаните своите идеи ќе можат да ги споделат на слениот линк:  http://rsbsp.org.mk/vashi-predlozi-i-komentari

Ваши предлози и коментари

Преку овој формулар можете да изнесувате корисни идеи, предлози и проекти од сите сфери во безедноста на сообраќајот.

Компании кои се грижат за безбедноста во сообраќајот

© 2019 rsbsp.org.mk | РСБСП E-mail
Developed by Kajgana Media