На 28 ноември 2024 година, со почеток во 12 часот, во просториите на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата беше одржана првата конститутивна седница на новиот состав на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата со мандат од 12 ноември 2024 година до 11 ноември 2028 година (врз основа на Одлуката на Собранието на Република Северна Македонија за именување на претседател и членови на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата на Република Северна Македонија, број 08-5426/1 од 12 ноември 2024 година, објавена во Службен весник на РСМ бр. 208 од 13.11.2024 година).
Со конститутивната седница претседаваше м-р Горан Ангеловски, претседател на РСБСП, а на истата беше презентиран Деловникот за работа, програмата и плановите за идно делување на Советот, актуелните кампањи и слично.
Претседателот Ангеловски на крајот од седницата истакна дека заложбите на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата секогаш биле и ќе продолжат да бидат во насока на издигнување на безбедноста на патниот сообраќај, како највисок општествен приоритет и употреба на целокупниот институционален и општествен потенцијал за намалување на бројот на настрадани лица во сообраќајни незгоди во Македонија.