Совети за безбедно возење во зимски услови – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Совети за безбедно возење во зимски услови

    1. Насловна
    2. Проекти
    3. Автомобили
    Совети за безбедно возење во зимски услови
    23 ноември 2015

    Продолжените сончеви есенски денови придонесоа да подзаборавиме на студената зима и на возењето на нашите автомобили во зимски услови. Но, зимата е на прагот, а ние ќе се потрудиме да ви дадеме неколку корисни совети за возење во зимски услови на патиштата:

    • ​​ Зимски гуми – во овие услови ве советуваме да возите со зимски гуми на сите четири тркала (длабочина на шарата од 4mm),како и ланци кои се местат по потреба. Со тоа не само што ќе ја исполните законската обврска, туку и ќе ја зголемите вашата безбедност.
    • Не е лошо со себе секогаш да имате мала лопата, малку песок, стара крпа за бришење, метличка за чистење на снегот од стаклата, спреј против замрзнување на стаклата и спреј за брави.
    • Излезете од дома десетина минути порано за да имате време да го загреете автомобилот, да ги одмрзнете стаклата или да ги исчистите гумите од снег и мраз. Прегледноста на возачот во автомобил со замрзнати или замаглени стакла е неколку пати намалена, „мртвите агли“ се зголемуваат и се добива впечаток дека возите тенк, а не автомобил.
    • За полесно и побрзо да ги одмрзнете прозорите и ветробранското стакло вклучете ги сите потрошувачи на струја: светла, светла за магла, запалка, греачот на задното стакло, стиснете на кочница и вклучете ја климата. На овој начин стаклата ќе ги одмрзнете за 3-4 минути, место за 10 колку што обично би ви биле потребни. Кога ќе се одмрзнат стаклата, едно по едно исклучете ја климата и останатите потрошувачи на струја кои не ви требаат.
    • Раскомотете се во автомобилот.
    • Почитувајте ја брзината на возење, посебно во близина на пешачки премин, училишта и градинки. Во зимски услови на возење, сопирачкиот пат е за 50% подолг отколку во нормални услови.
    • Држете поголемо растојание со возилото пред вас.
    • Не го менувајте нагло правецот на движење.
    • Поспоро забрзувајте, намалувајте ја брзината со нежно отпуштање на гаста, притискање на кумплунгот и постепено кочење.
    • При влегување во кривина постепено одземајте ја брзината и кочете полека.
    • Доколку возите во длабок снег, држете го воланот право за предните и задните гуми да имаат ист правец на движење. Ако сте заглавиле во снег и со гумите вртите во место, ставете патосници под гумите, песок или стари крпи – така најлесно ќе излезете од снегот.
    • На угорница и на удолница возете со помала брзина од онаа со која би возеле во нормални услови.
    • Бидете колегијални во сообраќајот

    РСБСП, ве советува: Во зима секогаш имајте полн резервоар, без разлика дали сте заглавени во гратскиот метеж или имате незгода на пат. Доволното количество гориво во резервоарот ќе ви ја осигура топлината која ќе ви биде потребна за безбедно да стигнете во вашиот дом.

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Граѓаните со своите идеи ќе помогнат во подобрување на безбедноста во сообраќајот
    Следна Објава:
    Одржана шестата седница на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Последни објави од РСБСП

    • Мото сообраќајно-едукативна активност наменета за пешаците, мотоциклистите, велосипедистите и корисниците на е-тротинети
    • Едукативно видео: На експресен пат почитувај ги правилата кои спасуваат животи!
    • Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS