“БЕЗБЕДНИ УЧИЛИШТА-БЕЗБЕДНИ ПРВАЧИЊА” – заедничка кампања на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Триглав Осигурување. Одржана едукативно превентивна акција во неколку основни училишта низ Македонија. Едукативната акција беше одржана во училиштата : “Кузман Јосифовски Питу” и “Санде Штерјовски” – Кичево, “Браќа Миладиновци”- Куманово и “Кочо Рацин” и “Братство Единство” – Скопје. Во оваа акција беа опфатени околу 600 првачиња.
