На иницијатива на ЕУ денес започнува Европската недела на мобилност 16 -22.09.2015 година. Целта на оваа активност е промоција на алтернативни форми на мобилност. Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ја подржува оваа кампања за подигање на јавната свест за зголемено користење на алтернативните форми на движење и транспорт во урбаните средини и промовирањето на јавниот транспорт ЗАТОА ШТО:
-
Возењето велосипед е здрава навика која позитивно влијае на здравјето на луѓето, ја заштитува околината и ја намалува емисијата на гасови.
-
Секојдневно користење на велосипед е неспоредливо поевтин начин на урбана мобилност од било кое друго превозно средство со лесно и бесплатно место за паркирање.
-
Велосипедот претставува доминантно превозно средство на кратко растојание до 5 километри во урбана средина од аспект на побрзо и побезбедно пристигнување до целта.
-
Секој велосипед повеќе, значи моторно возило помалку, а тоа значи намалување на сообраќајниот метеж, зголемена сообраќајна фрекфенција, побезбеден сообраќај.
Возете велосипед и користете заштитна опрема и рефлектирачки елеци!
Електричен велосипед – вистински избор.
-
Поголема брзина, удобност и безбедност. Помалку физички напор. Идеално за повозрасни лица.
-
Возачка дозвола не е потребна.
-
Тој е тивок, а работата на машината е речиси нечујна. Нема штетни последици врз животната средина.
Во град без автомобили – Пешки!
Исконски едноставно, природно и без потреба од било какви дополнителни средства. Најефикасно, најбезбедно, најздраво за кратки дестинации.
Со Јавен превоз:
Симболична цена, брзо и без грижа до целната дестинација. Што повеќе граѓани во јавен превоз тоа помалку автомобили и намалено загадување на животната околина. Ќе го намалиме градскиот метеж и ќе сториме нешто најдобро за заедницата.
Да градиме поинаква култура на урбана мобилност, за поздрава животна средина и побезбеден сообраќај!