Со цел продлабочување на соработката на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, Локалната самоуправа и Општинските совети за безбедност на сообраќајот на патиштата како и зајакнување на улогата на Локалната власт во зголемувањето на безбедноста на сообраќајот на патиштата, со што би се исполнила и една од стратешките цели на Втората национална стратегија за безбедност на сообраќајот на патиштата, РСБСП започна со посета на Општинските совети и Локалните самоуправи низ цела Македонија.
Досега РСБСП оствари средба со Општина Битола, каде што се сретна со проф. д-р Верица Данчевска претседател на ОСБСП на Општина Битола, г-дин Димче Лозевски претседател на ОСБСП на Демир Хисар, г-дин Дејан Цветковски претставник од СВР Битола и г-дин Ѓуро Илиќ шеф на кабинет на градоначалникот на Општина Битола. На состанокот беа дискутирани и согледувани состојбите во безбедноста во сообраќајот според спецификите на овој регион, со цел договорање конкретни стратешки цели, мерки и активности за подобрување на безбедноста на сообраќајот за конкретното подрачје.
При посетата на РСБСП на Општина Ресен беше остварена средба со Градоначалникот на Општина Ресен г-дин Ѓоко Стрезовски и Претседателот на ОСБСП на Ресен г-дин Гоце Лазаревски. Градоначалникот на општина Ресен, г-дин Ѓоко Стрезовски, ја подржа иницијативата за сообраќајната превенција на локално ниво, ја истакна потребата од подобра координација на ОСБСП со РСБСП и Општината Ресен. Претседателот на ОСБСП од општина Ресен се заложи дека ќе направи план на активности компатибилен со Планот на активности на РСБСП и ќе го информира Советот за секој активност на локално ниво поврзана со безбедноста на сообраќајот. Се дадоа конкретни насоки на ОСБСП во програмското годишно утврдување на активностите на овие тела и координирањето на тие активности со сите партнери кои делуваат на локално ниво.
Посетена беше и Општина Кавадарци каде што тимот на РСБСП се сретна со Градоначалникот на Општина Кавадарци г-дин Александар Панов, Секретарот на Општина Кавадарци –дин Кире Делов како и Претседателот на ОСБСП на Кавадарци г-дин Миле Трајков и секретарот г-ѓа Македонска Илиевска. Градоначалникот на Општина Кавадарци г-дин Александар Панов изрази задоволство за посетата на членовите на РСБСП и ја подржа активноста за зајакнување на соработката помеѓу ОСБСП како и со РСБСП.Секретарот на општината Кавадарци г-дин Киро Делов даде краток вовед за конкретните активности и мерки кои ги превзема општината во делот на безбедноста во сообраќајот. Преставниците од ОСБСП г-дин Миле Трајков и г-ѓа Македонка Илиевска, ја изразија благодарноста за досегашната добра и успешна соработка на ОСБСП со општина Кавадарци , дадоа идеи во однос на изнаоѓање на решенија за безбедноста во сообраќајот на локално ниво.
РСБСП и понатаму ќе продолжи да ја зголемува и продлабочува соработката со Општинските совети и Општините како стратешки партнери со што заеднички би се делувале на зголемувањето на безбедноста на сообраќајот.