АКТИВНОСТИ ОД КАМПАЊАТА „НОСИ КАЦИГА“ ВО ПОВЕЌЕ ГРАДОВИ – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    АКТИВНОСТИ ОД КАМПАЊАТА „НОСИ КАЦИГА“ ВО ПОВЕЌЕ ГРАДОВИ

    1. Насловна
    2. Активности
    12 јули 2024

    Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП), во соработка со Мото Асоцијацијата на Македонија на МК мото клубови, Министерството за внатрешни работи и Општинските совети за безбедност на сообраќајот на патиштата, во текот на оваа седмица во повеќе градови реализираат кампања под мотото „Носи кацига“. Целта на активностите е да се подигне свеста кај возачите на мотоцикли и мопеди за придобивките од користењето на заштитна опрема и почитувањето на сообраќајните правила и прописи заради поголема безбедност на оваа категорија учесници во сообраќајот.

    Превентивно-едукативни активности се реализираа во Кавадарци, Куманово, Скопје, Струмица, Крива Паланка, Велес, Битола, Тетово и др., при што беа поделени едукативно-рекламни материјали, а на мотоциклистите им беше посочувано да носат кацига, да возат одговорно и со почитување на пропишаната брзина, да одржуваат растојание од другите возила, да возат согласно временските услови и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи со што ќе придонесат за зголемување на безбедноста во сообраќајот на патиштата.

    Во летниот период вообичаено се зголемува бројот на мотоцикли и мопеди во сообраќајот. Според статистиката возачите на мотоцикли и мопеди повеќе се склони кон сообраќајни незгоди и повреди во истите отколку возачите на останатите видови возила. Тие, заедно со пешаците и велосипедистите, ја сочинуваат најранливата категорија учесници во сообраќајот. Разни извештаи укажуваат дека возачите на мотоцикли и мопеди во голем процент страдаат во сообраќајни незгоди пред сѐ заради нивната директна подложност кон влијанијата од надворешната околина и условите на патот. Највисок процент на сообраќајни незгоди во кои учествуваат мотоцикли и мопеди се забележани во периодот јуни-септември, особено за време на викендите.

    Клучни аспекти за безбедност на возачите на мотоцикли и мопеди, како учесници во сообраќајот, се: одговорното однесување, користењето на заштитна опрема (првенствено заштитна кацига), одржувањето на исправноста на мотоциклот/мопедот и почитувањето на сообраќајните правила и прописи.Во случај на сообраќајна незгода, повредите на главата се водечка причина за смрт кај возачите на мотоцикли.

    Токму затоа од огромно значење е носењето на заштитен шлем, односно кацига, како и изборот на соодветна и квалитетна кацига која е тестирана така што обезбедува барем минимален стандард на заштита. Кацигата овозможува и заштита од силната сончева светлина, заштита од инсекти, ветар, прашина, дожд и слично. Важно е да биде со одговарачка големина и да не го попречува видикот на возачот. Се препорачува да се користат кациги кои го покриваат целото лице со цел да се обезбеди заштита на секој дел од главата.

     

    РСБСП апелира возачите на мотоцикли и мопеди да носат заштитна опрема, да возат одговорно и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, со цел зголемување на својата безбедност и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.

    " Активности, Безбедност, ВозиОдговорно, Мотори, РСБСП, Скопје, Совети, Сообраќај
    Претходна Објава:
    ВО ТЕК Е КАМПАЊАТА „НОСИ КАЦИГА“
    Следна Објава:
    РСБСП- Носи кацига
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Меѓународна конференција во Република Србија на тема:„Безбедност на сообраќајот во локалната заедница“

    Одржана јавна дебата „Безбедноста на пешаците – одговорност на сите нас“ по повод Недела на пешаците

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура
    • РСБСП и Македонското радио започнуваат директна соработка во насока на подигнување на јавната свест и сообраќајна култура
    • РСБСП апелира за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на првомајските празници!

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS