РСБСП на панел дискусија на Технички Факултет Битола по повод Меѓународен ден на културата во сообраќајот – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    РСБСП на панел дискусија на Технички Факултет Битола по повод Меѓународен ден на културата во сообраќајот

    1. Насловна
    2. Активности
    11 мај 2026

    По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на културата во сообраќајот – 11 Мај, претседателот на РСБСП и претставници од Советот беа дел од настан на Техничкиот факултет-Битола, каде беше организирана панел дискусија и презентација на резултати од направено истражување кои се однесуваат на начинот на користење на електричните тротинети и употребата на заштитна опрема во урбаните средини.

    На настанот беа презентирани податоци и анализи поврзани со безбедноста на учесниците во сообраќајот, како и предизвиците со кои се соочуваат возачите на електрични тротинети и велосипедистите во секојдневното движење низ градските средини.

    Во рамки на панел-дискусијата што следеше по презентацијата, учесниците се согласија дека е неопходно иницирање на законски измени кои ќе придонесат за појасно регулирање на оваа област, зголемување на безбедноста во сообраќајот и унапредување на сообраќајната култура.

    На настанот учествуваа и претставници од Секторот за внатрешни работи Битола, Отсек за Превенција и претставници од ПС за Безбедност на патниот сообраќај.

    По завршувањето на дискусијата, претставници од РСБСП, претседателот м-р Горан Ангеловски заедно со професорите и учениците од студентската сообраќајна единица при Техничкиот факултет Битола, долж Широк Сокак реализираа превентивно-едукативна активност насочена кон возачите на електрични тротинети и велосипедистите. Во рамки на активноста беа споделени едукативни материјали и совети за безбедно учество во сообраќајот, со посебен акцент на користењето на заштитна опрема и почитувањето на сообраќајните правила и прописи.

    Со оваа активност уште еднаш беше испратена порака дека развивањето на сообраќајната култура, почитувањето на правилата и одговорното однесување на сите учесници во сообраќајот се клучни предуслови за побезбедни улици и поголема заштита на животот и здравјето на граѓаните.

    Активности за одбележување на овој ден беа спроведени и во другите градови ширум нашата држава.

    " Битола, меѓународен ден на мултурата во сообраќајот, РСБСП
    Претходна Објава:
    11 Мај – Меѓународен ден на културата во сообраќајот
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП на панел дискусија на Технички Факултет Битола по повод Меѓународен ден на културата во сообраќајот

    11 Мај – Меѓународен ден на културата во сообраќајот

    РСБСП во Прилеп: Едукацијата од најмала возраст е клучна за побезбеден сообраќај

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП на панел дискусија на Технички Факултет Битола по повод Меѓународен ден на културата во сообраќајот
    • 11 Мај – Меѓународен ден на културата во сообраќајот
    • РСБСП со апел: Внимателно и одговорно во сообраќајот за продолжениот празничен викенд по повод „Први мај“!  

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS