Во просториите на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) се одржа работен состанок на кој учествуваа претставници од РСБСП и Бирото за развој на образованието (БРО). Целта на состанокот беa следните чекори за проширување и продлабочување на годишните програми на основните училишта со дополнителни теми од областа на безбедноста на учениците во сообраќајот.
Претседателот на РСБСП, м-р Горан Ангеловски и директорката на Бирото за развој на образованието, м-р Милка Тримчевска направија осврт на потребата од проширување и надополнување на содржините за безбедност во сообраќајот, бидејќи согласно безбедносните податоци, учениците на возраст од 10 до 15 години како ранлива група во сообраќајот, поради што постои реална потреба од нивна континуирана едукација.
Во рамки на проширената училишна програма, активностите ќе опфаќаат организирање на едукативни предавања, сообраќајни секции и работилници, тематски проекти и различни форми на практична едукација, со што учениците на интересен и достапен начин ќе се запознаат со основните правила и прописи за безбедно учество во сообраќајот.
Овие активности ќе бидат приспособени на возраста на учениците и ќе се реализираат во рамки на воннаставниот процес, со акцент на подигање на свеста и одговорноста кај младите учесници во сообраќајот, при што истите ќе бидат реализирани без воведување нов предмет или задолжителни часови, а како резултат се очекува постигнување значаен напредок во делот на:
- Подигнување на сообраќајната култура кај младите;
- Развивање на свест за безбедно однесување во сообраќајот;
- Почитување на сообраќајните правила и прописи.
Со оваа иницијатива се создава реална можност за унапредување на сообраќајната култура кај младите без оптоварување на наставниот процес. Во процесот на реализација на оваа активност ќе бидат вклучени и Здружението на единици на локалната самоуправа (ЗЕЛС).
Заложбите на РСБСП, МОН и БРО со оваа иницијатива е подигнување на сообраќајно-техничката култура и едукација на младите уште од најмала возраст, со цел поддршка на воспитно-образовниот процес и зголемување на безбедноста на децата во сообраќајот на патиштата.
Најмладите учесници во сообраќајот се нашата најголема одговорност – затоа заеднички градиме побезбедна иднина!