РСБСП со апел: „Паркирајте совесно и одговорно!“ – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    РСБСП со апел: „Паркирајте совесно и одговорно!“

    1. Насловна
    2. Проекти
    3. Автомобили
    РСБСП со апел: „Паркирајте совесно и одговорно!“
    12 септември 2020

    Сообраќаен метеж, узурпирани тротоари, пешачки и велосипедски патеки, непроодни пешачки премини и зафатени паркинг места за лицата со попреченост.  На тротоарите – автомобили, а на коловозот – деца, мајки со детски колички, лица со ограничени можности е нашата за жал,  секојдневна глетка.

    Причината за ваквата состојба може да ја бараме на повеќе места, но секако дека една  од главните причини е  неодговорно и несовесното паркирање. Неправилното паркирање е причина за голем број на сообраќајни незгоди во кои страдаат децата, пешаците и велосипедистите. Водејки се од тоа, РСБСП со потсетување до возачите на кои места не е дозволено да се паркира:

                    •  Возачот, односно сопственикот на возилото не смее да го запре или паркира возилото  на место на кое тоа би ја загрозувало безбедноста на другите учесници во                       сообраќајот или би претставувало пречка за нормално одвивање на сообраќајот или за движењето на пешаците и велосипедистите.

                    •  Возачот, односно сопственикот на возилото не смее да запре или паркира возило :

                     – на обележан пешачки премин, како и на премин на велосипедска патека преку коловозот и на оддалеченост помала од десет метри од тие премини,

                    – на крстосница и на оддалеченост помала од десет метри од најблискиот раб на напречниот коловоз,

                   – на мостови, во подвозници, на надвозници како и на растојание помало од петнаесет метри од мостови, тунели, подвозници и надвозници,

                   – на дел од јавен пат во близина на врв од преслап и во кривина, каде што прегледноста на патот е недоволна и каде што обиколување на возилото не би можело да                    се изврши без опасност,

                  – на место на кое возилото би го засолнувало поставениот сообраќаен знак или уредот за давање светлосни сообраќајни знаци,

                  – на велосипедска патека, односно лента,

                 – на тротоар, односно пешачка патека

                 – на дел од јавен пат, односно на оддалеченост помала од 15 метри од премин на патот преку железничка  пруга во исто ниво

                 – на дел од коловозот, кој како стојалиште за возила на јавниот сообраќај е обележан со ознаки на коловозот

                – на оддалеченост помала од 15 метри пред и зад знакот со кој е обележано стојалиште за возилата за јавен сообраќај,

               – пред влез во објект, двор или гаража,

               – на хортикултурно уредени зелени површини, градски зеленила и паркови,

              – над приклучок на водоводната мрежа или влез во канализација или друга мрежа на комуналните претпријатија,

              – на места предвидени за движење и паркирање на лица со посебни потреби,

              – на место каде паркираното возило би го оневозможило пристапот на друго возило, заради паркирање или излегување на веќе паркирано возило,

              – на плоштад, пешачка зона и противпожарен пат,

              – на паркинг место кое со дополнителна табла, сообраќаен знак или ознака на коловозот е обележано место за паркирање на возила за лица со посебни потреби.

    Статичкиот сообраќај, односно паркирањето значително влијае на текот и на безбедното одвивање на сообраќајот.

    Затоа РСБСП со апел:  Безбедноста во сообраќајот нека биде  ваш приоритет! Без изговори и без оправдувања! За непречено движење на сите учесници во сообраќајот – ПАРКИРАЈ СОВЕСНО И ОДГОВОРНО!

    #ПАРКИРАЈСОВЕСНО!    #ПАРКИРАЈОДГОВОРНО!

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
     Средба на министерот Спасовски со претседателот на РСБСП  Кожуваровска
    Следна Објава:
    РСБСП со порака:Вистинските мотоциклисти возат одговорно и секогаш носат кацига
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“

    РСБСП дел од 16-та меѓународна научна конференција – „Системска корупција – најголема безбедносна закана”

    РСБСП дел од XXXI Државен натпревар по прва помош на Црвениот Крст

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“
    • Кампања на РСБСП, ФФМ и МВР за подигнување на безбедноста на сообраќајот на патиштата
    • Кампања на РСБСП: „Безбедно управување со трактори и земјоделска механизација“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS