Средба на министерот Спасовски со претседателот на РСБСП  Кожуваровска – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

     Средба на министерот Спасовски со претседателот на РСБСП  Кожуваровска

    1. Насловна
    2. РСБСП
     Средба на министерот Спасовски со претседателот на РСБСП  Кожуваровска
    11 септември 2020

    Денеска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, оствари работна  средба со претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата г-ѓа Гордана  Кожуваровска. Целта на денешнава средба беше утврдување  на видот и количините на опрема што  РСБСП во наредниов период ќе ја обезбеди како донација за надлежните сообраќајни единици во МВР за зајакнување и модернизирање на уредите и опремата во делот на сообраќајот. Изминативе години  Министерството за внатрешни работи самостојно, но и како партнер со РСБСП, беше дел од многу кампањи  од областа на сообраќајот. Превентивното делување фокусирано на повеќе нивоа, почнувајќи од децата и младите, па се до интензивирањето на сообраќајните контроли низ целата држава, е неопходно и дава позитивни резултати, рече министерот Спасовски, изразувајќи задоволство од досегашната соработка  со РСБСП со надеж дека истата и во наредниов период ќе биде интензивирана. Кожуваровска  на состанокот истакна дека соработката на РСБСП и Министерството за внатрешни работи се реализира на високо ниво, потенцирајки дека безбедноста во сообраќајот е врвен заеднички приоритет  и дека само со заедничка соработка и со комбинација од превентивни и репресивни мерки  може да се придонесе за намалување на бројот на настрадани лица во сообраќајни незгоди. Сообраќајната полиција при МВР во наредниов период интензивно ќе постапува на терен и ќе работи  на подигање на безбедноста на сообраќајот на едно повисоко ниво – притоа јасно демонстрирајќи дека нема никаква толеранција за алкохолизираните возачи, за неисправните возила по коловозите, за непочитувањето на сообраќајните правила и прописи.

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Потпишан меморандум за соработка со РСБСП
    Следна Објава:
    РСБСП со апел: „Паркирајте совесно и одговорно!“
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Меѓународна конференција во Република Србија на тема:„Безбедност на сообраќајот во локалната заедница“

    Одржана јавна дебата „Безбедноста на пешаците – одговорност на сите нас“ по повод Недела на пешаците

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура
    • РСБСП и Македонското радио започнуваат директна соработка во насока на подигнување на јавната свест и сообраќајна култура
    • РСБСП апелира за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на првомајските празници!

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS