Дали жените навистина се небезбедни возачи? Што покажува статистиката? – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Дали жените навистина се небезбедни возачи? Што покажува статистиката?

    1. Насловна
    2. Активности
    Дали жените навистина се небезбедни возачи? Што покажува статистиката?
    7 март 2018

    И покрај напорите за надминување на сите дискриминациони форми и напорите за отфрлање на сите стереотипи што постојат во општеството, за жал, одредени суптилни форми на стереотипи сѐ уште постојат, бавно се менуваат и тешко се отфрлаат. Еден од нив, кој со генерации наназад се провлекува и кој секојдневно го побиваме, е дека жените се лоши и небезбедни возачи.  По повод денот на жената, 8 март, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата направи анализа на истражувањата и на анкетите на оваа тема, но и на она што покажуваат статистичките податоци.

    На самиот почеток важно е да се потенцира дека, секоја поделба на возачите на машки и на женски  не е соодветна. Многу посоодветно е возачите да ги поделиме на одговорни и на неодговорни, без разлика на полот, возраста или на другите лични карактеристики. Позитивните и негативните примери и кај едните и кај другите се бројни, но интересно е да се види што покажува статистиката за тоа колку се безбедни жените и мажите во сообраќајот. 

    Статистиката и фактите покажуваат дека жените се побезбедни возачи од мажите. Истражувањата на релевантни меѓународни организации, покажуваат дека мажите многу повеќе страдаат во сообраќајни незгоди во споредба со жените и многу често се предизвичкувачи на сообраќајни незгоди со сериозни фатални последици.

    Според Светската здравствена организација, повеќе од 77% од смртните случаи во сообраќајот на патиштата се предизвикани од мажи, околу 72% од жртвите во сообраќајни незгоди се лица од машки пол, а според податоците на светските осигурителни компании, околу 80% од штетите направени во сообраќајниот систем се направени од мажи.

    Младите машки лица многу повеќе предизвикуваат сообраќајни незгоди со тешки и со фатални последици во споредба со младите женски лица.

    Една сообраќајна студија направена во Њујорк, покажува дека 80% од незгодите во кои загинати или тешко повредени се пешаци, се предизвикани од возачи од машки пол. Истражувањата на тамошните осигурителни компании, покажуваат дека веројатноста жените да предизвикаат сообраќајна незгода со сериозни последици, е помала во однос на машките возачи и токму затоа во наредниот период се очекува една нова тенденција на намалуваање на цените за осигурување за жените возачи.

    Истражувањата покажуваат дека машките возачи прават повеќе сообраќајни прекршоци, отколку женските возачи. На пример, соодносот на санкционирани машки и женски возачи во САД е следен: за возење под одвлечено влијание е 3,09 спрема 1 во однос машки и женски возачи, користење безбедносни појаси – 3,08 спрема 1, брзо возење – 1,75 спрема 1 итн.

    По однос на прашањето дали мажите или жените се побезбедни возачи, експертите велат дека жените се побезбедни и посмирени во сообраќајот, додека мажите се поагресивни и понестрпливи. Машките возачи имаат поголема самодоверба, склони се за преземање ризик и затоа поголема е веројатноста да направат грешки, односно машките возачи повеќе го потценуваат ризикот и опасноста во сообраќајот.

    Анкетите и истражувањата покажуваат дека мажите, за разлика од жените, подобро се запознаени со опремата за безбедност во возилата. Мажите знаат дека постои електронска контрола на стабилноста која помага да се спречат незгоди со превртување на возилото, потоа мажите подобро се служат со помошниот алат, поприсебно се однесуваат во случај на сообраќајна незгода, подобро се снаоѓаат во мал простор со тешки маневри, побрзо паркираат итн. Токму ова создава лажна перцепција дека мажите се подобри и побезбедни возачи од жените.

    Според РСБСП, во Република Македонија, во просек, околу 70 до 80% од жртвите во сообраќајни незгоди се од машкиот пол, а 20-30% од женскиот пол. Истражувањата, анализите и реалноста, покажуваат дека жените се многу внимателни возачи, одговорни се и се придржуваат кон сообраќајните правила и прописи. Брзото и агресивно однесуваање во сообраќајот, не е својствено за жените. Ретко може да се види жена да ги потценува последиците од управување моторно возило под дејство на алкохол. Анкетно истражување направено од РСБСП минатиот период, покажува дека 60% од жените-возачи во Република Македонија се убедени дека тие се подобри возачи од мажите, 88% од жените сметаат дека агресивното однесување во сообраќајот е карактеристично за мажите, 60 % сметаат дека мажите се неодговорни учесници во сообраќајот, 63 % сметаат дека мажите и жените се рамноправни учесници во сообраќајот, а 37% сметаат дека мажите се доминантни и не ги почитуваат жените како рамноправни учесници во сообраќајот. Најголемиот дел од жените сметаат дека мажите се агресивни и тоа сериозно им пречи и им влијае во сообраќајот.

    Имајќи го предвид наведеното, РСБСП апелира до сите возачи да бидат внимателни и одговорни во сообраќајот, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да бидат дефанзивни учесници во сообраќајот, затоа што последиците се трагични, огромни и ненадоместливи,  независно од полот, возраста, националноста или која било друга индивидуална карактеристика на предизвикувачот на незгодата или на жртвата.

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Време е да кажеме “Не” за мобилните телефони додека возиме или пешачиме!
    Следна Објава:
    „Вози женски – вози одговорно“, нова сообраќајно-едукативна акција на РСБСП
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“

    РСБСП дел од 16-та меѓународна научна конференција – „Системска корупција – најголема безбедносна закана”

    РСБСП дел од XXXI Државен натпревар по прва помош на Црвениот Крст

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП карванот на безбедност во сообраќајот во Велес како дел од „Фестивал на пита и вино – Питијада 2025“
    • Кампања на РСБСП, ФФМ и МВР за подигнување на безбедноста на сообраќајот на патиштата
    • Кампања на РСБСП: „Безбедно управување со трактори и земјоделска механизација“

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS