„Вози женски – вози одговорно“, нова сообраќајно-едукативна акција на РСБСП – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    „Вози женски – вози одговорно“, нова сообраќајно-едукативна акција на РСБСП

    1. Насловна
    2. Активности
    „Вози женски – вози одговорно“, нова сообраќајно-едукативна акција на РСБСП
    8 март 2018

    „Ако возењето со максимална претпазливост е женски, тогаш јас сакам да возам женски. #ВозиЖенски #ВозиОдговорно – ова е една од пораките кои јавните личности и РСБСП ги праќаат во рамки на едукативната акција организирана за 8 март, празникот на жената.

    Да се биде жена-возач воопшто не е лесна работа бидејќи бројот на оние кои сметаат дека возењето е „машка работа“, сѐ уште  е многу голем. Стереотипот дека жените се лоши возачи за жал сѐ уште е присутен. Вистината е дека  постои „женско возење“ или „женски начин на возење“.  Тоа е точно! Постои! Но, во суштина, тие се многу внимателни возачи и кога ќе се најдат во сообраќаен метеж полн со неодговорни и со агресивни возачи, неминовно е да бидат перцепирани како некој кој не се вклопува во тој систем! 

    Жените всушност се доста внимателни, дисциплинирани и совесни возачи – речиси никогаш не возат со брзина поголема од дозволената, не поминуваат на црвено и не возат под дејство на алкохол. Брзото и агресивното однесување во сообраќајот едноставно не ѝм е својствено на жените. Жените покажуваат склоност кон почитувње на сообрќајните правила и прописи и кон почитување на велосипедистите и на пешаците, а тоа во очите на некои неодговорни возачи е еднакво на неснаоѓање!

    Да! За жал, почитувањето на сообраќајните правила и прописи се доживува како НЕСНАОЃАЊЕ и како ЖЕНСКО ВОЗЕЊЕ!

    Со цел да ги охрабриме жените-возачи и да ги разбиеме сите стереотипи дека жените се лоши возачи, а по повод денот на жената, „8 март“, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата организира сообраќајно-едукативна акција под мотото „Вози женски-вози одговорно“. 

    Акцијата ќе биде поддржана од голем број јавни личности од понежниот пол и ќе се реализира  преку социјалните медиуми, на кои повеќе од 25 познати и афирмирани личности од јавниот живот во Република Македонија – новинари, водители, пејачи, манекенки, глумци, артисти, доктори и професори ќе повикаат на одговорно возење и на почитување на жените како рамноправни учесници во сообраќајот.

    Целта е сите заеднички да испратиме порака дека жените претставуваат позитивен пример како треба да се почитуваат сообраќајните правила и прописи и како треба да се однесуваме во сообраќајот. На тој начин, од една страна ќе ги рушиме стереотипите дека жените се лоши возачи, а од друга страна ќе ја подигнеме свеста за одговорно учество во сообраќајот кај сите учесници. 

    Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата заедно со поддржувачите на акцијата #ВозиЖенски #ВозиОдговорно, на сите припаднички на понежниот пол ѝм го честита празникот на жената „8 март“ со апел да бидат внимателни и одговорни учесници во сообраќајот и секојднево да го даваат својот личен придонес за повисока сообраќајна култура и за побезбеден сообраќај. А пораката до сите учесници во сообраќајот гласи:

    Ако возењето со помала брзина е женски…

    Ако застанувањето на секој СТОП знак е женски…

    Ако пропуштањето на секој пешак на пешачки премин е женски…

    Ако долготрајното и претпазливо паркирање е женски…

    Ако двојното проверување на секоја крстосница  е женски…

    Ако внимавањето на возачот од спротивната страна е женски…

    Ако почитувањето на сите сообраќајни правила е женски…

    Ако држењето до својата сообраќајна лента е женски…

    Ако возењето со максимална претпазливост е женски…

    …тогаш, ајде сите да воземе женски!

    #ВозиЖенски #ВозиОдговорно

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Дали жените навистина се небезбедни возачи? Што покажува статистиката?
    Следна Објава:
    Брзото возење убива: Неколку причини да ја намалите брзината во сообраќајот
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП и ОСБСП во Кратово преку театарска претстава ги едуцираше децата од основните училишта во градот

    Преку театарска претстава децата од Скопје учеа за безбедноста во сообраќајот

    Работна средба за побезбеден сообраќај во Кавадарци помеѓу РСБСП и ОСБСП од општините во Тиквешкиот регион

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП теренски ја започна камапњата за побезбеден сообраќај на мотоциклистите – „Безбедно на мотор“
    • РСБСП со кампања: Безбедно на мотоцикл
    • РСБСП со апел за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на Велигденските празници

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS