Време е да кажеме “Не” за мобилните телефони додека возиме или пешачиме! – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Време е да кажеме “Не” за мобилните телефони додека возиме или пешачиме!

    1. Насловна
    2. Кампањи
    Време е да кажеме “Не” за мобилните телефони додека возиме или пешачиме!
    5 март 2018

    Опасностите во животот многу често ги потценуваме, а таа комоција  за жал  понекогаш многу скапо ја „плаќаме“. Да се користи мобилниот телефон додека се управува со моторно возилото, додека се управува велосипед или кога се преминува по сообраќајниците е висок ризик, сериозен извор на опасности и претставува закана за животот и здравјето на учесниците во сообраќајот. Многу сообраќајни незгоди се последица на учество во сообраќајот со одвлечено внимание.

     И покрај тоа, секојдневно, можеме да видиме  како голем број на возачи  возат и користат мобилен телефон, голем број на велосипедисти возат по градските  сообраќајници со слушалки на уво без да слушаат и без да ја перципираат сообраќајната околина. Ништо подобра,  дури и полоша е состојбата и со пешаците. Пешаците, пишуваат пораки, фотографираат, зборуваат на мобилен телефон, слушат музика и ја поминуваат улицата каде што ним им одговара и кога  ним им одговара. Со цел да го свртиме вниманието на јавноста кон оваа „ ЛОША НАВИКА“ и да се замислиме за тоа што правиме и како се однесуваме во сообраќајот ви ја пренесуваме потресната животна сторија на Емилија Т.  од Скопје, која одговарајќи на СМС порака додека го управува своето возило, пред три години,  за жал,  учествуваше во сообраќајна незгода и   остана врзана за инвалидска количка за целиот свој живот.  Таа ја раскажа својата несреќна случка, со надеж дека многумина ќе размислат за однесувањето во сообраќајот и ќе го сфатат ризикот и последиците  од  опасната комбинација – мобилен телефон и возење автомобил. Емилија е мајка на две возрасни деца, таа не се откажува од животот, кој и пружил втора шанса, но вели дека многу работи и се измениле после тој кобен ден.

    – Никогаш не помислував дека мене може да ми се случи ваква несреќа и дека ќе бидам врзана за инвалидска количка, но овие неколку години успеав да го прифатам тоа и продолжив да живеам нормално, колку што можам. Тој ден,  се враќав од работа, бев изморена и сакав само што поскоро да стигнам дома. Пред да продолжам да ви раскажувам за кобниот ден, морам да бидам искрена и да кажам дека постојано го користев мобилниот телефон додека возев и секогаш бев сигурна дека ја имам контролата над возилото и тоа што се случува во сообраќајот, но за жал не бев во право и цената која ја плаќам јас и моето семејство е навистина висока, со солзи во очите вели Емилија.

    Со растреперен глас, таа продолжува во детали да ни го опишува тој момент, иако како што самата вели, како низ магла да се сеќава на незгодата.

    – Кога се присетувам на тој ден, како магла да имам пред очите. Ми стигна порака на телефонот, неколебејќи се го земав мобилниот, ја прочитав пораката, која беше испратена од мојата најдобра пријателка, да ми го потврди договорот за ручекот кој  требаше да го имаме престојниот викенд. Погледнав пред мене и бев сигурна дека немам никаква опасност  на патот  и можам да и вратам на пораката. Возев отприлика 90 километри на час, додека ја пишував пораката  и во еден момент го кренав погледот и видов куче на коловозот,  ме фати паника и инстиктивно го свртев воланот… Наредно што се сеќавам е дека се разбудив во болница, раскажува Емилија. Избегнувајќи го кучето, Емилија со своето возило удрила во столб. Од силниот удар се здобила со скршени вратни пршлени, од кој остана инвалид.

    –  Од ударот ми биле искршени вратни пршлени и за жал еден од тие пршлени е пршленот кој ме врза за инвалидската количка. Кога го дознав тоа, беше најтешкиот “удар“ за мене во животот, но со помошта на моето семејство и на стручни лица, успеав да прифатам дека никогаш повторно нема да можам да одам. Со мојата животна сторија сакам да испратам порака и апел до сите возачи, да не го користат мобилниот телефон додека се во  возилото, да возат внимателно и фокусирано, се друго  може да почека. Тие неколку секунди на кои не  посветуваме внимание на сообраќајот  и кога погледнуваме во мобилниот телефон, можат засекогаш да ни го променат животот, како што е во мојот случај. Јас ја имав таа среќа, повторно да можам да ги гледам своите деца, но некои за жал ја немаат таа среќа. Оставете ги мобилните апарати, концентрирајте се на сообраќајот, бидејќи секоја секунда е важна, заврши Емилија.

    Многумина денес може да ме осудуваат за тоа дека сум возела брзо, и дека сум пишувала порака, верувајте,  ниту јас сама неможам да си простам, но мора да се живее – потенцира уште еднаш за крај Емилија со солзи во очите.

    Од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во однос на користењето на мобилниот телефон додека се учествува  во сообраќајот потенцираат дека, за жал многу често учесниците во сообраќајот го  потценуваат ризикот и опасноста од   таквото  однесување  во сообраќајот, а тоа претставува  причина за голем број на сообраќајни незгоди  со фатални последици и уште еднаш упатија апел со порака за одговорно учество во сообраќајот, концентрација и  фокусираност и  внимателно следење на случувањата во сообраќајот.  Од таму истакнаа дека животната сторија на Емилија е навистина трогателна, и дека за жал, таа не е единствен ваков пример и упатија апел до останатите граѓани  да извлечат поука од оваа тажна животна сторија на Емилија и нејзиното семејство.

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Меѓународна младинска обука на тема: „Младите и безбедноста во сообраќајот”
    Следна Објава:
    Дали жените навистина се небезбедни возачи? Што покажува статистиката?
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Меѓународна конференција во Република Србија на тема:„Безбедност на сообраќајот во локалната заедница“

    Одржана јавна дебата „Безбедноста на пешаците – одговорност на сите нас“ по повод Недела на пешаците

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура
    • РСБСП и Македонското радио започнуваат директна соработка во насока на подигнување на јавната свест и сообраќајна култура
    • РСБСП апелира за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на првомајските празници!

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS