Втората Национална стратегија за безбедност во сообраќајот – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Втората Национална стратегија за безбедност во сообраќајот

    1. Насловна
    2. Активности
    3. Конференции
    img_5526
    25 јуни 2015

    Втората Национална стратегија за безбедност во сообраќајот на патиштата 2015-2020 има за цел бројот на жртвите во сообраќајните незгоди до 2020 година да се намали до просекот на жртви во државите членки на Европската Унија.

    Бројот на жртви млади возачи да се намали за 30%, бројот на сериозно повредени да се намали за 40% а бројот на деца жртви во сообраќајот да се намали на нула.

    -Со донесувањето на втората Национална стратегија Република Македонија ја покажува својата посветеност за поголема и поефикасна заштита на сите учесници во сообраќајот. Главен предуслов за успешно спроведување на целите со новата стратегија е сите заедно да и секој поединечно да ја прифатиме безбедноста во сообраќајот како свое индивидуално право и лична одговорност, истакна заменик претседателот на Владата Владимир Пешевски, кој е и претседател на координативното тело за безбедност на сообраќајот на патиштата.

    Амбиција на Република Македонија е прогнозите во текот на оваа деценија да се движат кон подобрување кое ќе биде најмалку на европското просечно ниво. Во согласност со европската цел, бројот на загинати треба да се намали од сегашниот број од приближно 75 загинати лица на 1 милион жители на приближно 49 загинати на 1 милион жители во 2020 година.

    Втората национална стратегија за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата претставува стратешки документ изготвен од домашната научна и стручна јавност која Собранието на Република Македонија ја донесе на предлог на Владата на 30.12.2014.

    -Во изминатиот период Владата на Република Македонија даде силна поддршка како во однос на спроведувањето, поддршка на јавните кампањи и подигнувањето на јавната свест, така и во однос на институционалното залагање преку активностите на координативното тело за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата. Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата консултирајќи ги сите надлежни институции, тела и органи во Република Македонија ја изготви втората Национална стратегија, подвлече претседателот на РСБСП, Стојче Стаменковски.

    Приоритетни области на Втората Национална стратегија за унапредување на безбедноста на сообраќајот на патиштата се: децата, пешаците, велосипедистите, мотоциклистите, млади возачи и возачи почетници, возачи во постари години, алкохол и други прсихотропни супстанции кои создаваат зависност, неодмерено пречекорување на дозволената брзина на возење, агресивно возење и мобилни телефони, смартфони, текстирање и пишување смс пораки.

    -Со донесување на Втората Национална стратегија, Македонија ја покажува својата посветеност за поголема и поефикасна заштита на сите учесници во сообраќајот. Главен предуслов за успешно постигнување на целите на новата стратегија безбедноста на сообраќајот на патиштата е сите заедно и секој поединечно да ја прифатиме безбедноста во сообраќајот како свое индивидуално право и лична одговорност, истакна министерот за внатрешни работи Митко Чавков.

    На секоја сообраќајна несреќа, заклучи Чавков, што резултира со загуба на животот или сериозна повреда мора да се гледа како неуспех на целото општество, а не како грешка на поединецот.

    РСБСП ја одбележува поддршката на институциите и поединците со доделување на плакети, кои оваа година ги добија поранешниот министер за внатрешни работи, Гордана Јанкуловска и заменик претседателот на Владата, Владимир Пешевски.

    Претходно вакви плакети се доделени на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, претседателот на Владата, Никола Груевски, претседателот на Собранието Трајко Вељаноски, претседателот на Светската организација за безбедност на сообраќајот на патиштата Јуп Гус, како и на Митко Чавков во својство на директор на Бирото за јавна безбедност.

     

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    img_0253
    Претходна Објава:
    Со велосипед на пат низ целиот град
    Следна Објава:
    Вози трезен стигни жив – Струмица
    img_5585
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Меѓународна конференција во Република Србија на тема:„Безбедност на сообраќајот во локалната заедница“

    Одржана јавна дебата „Безбедноста на пешаците – одговорност на сите нас“ по повод Недела на пешаците

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура
    • РСБСП и Македонското радио започнуваат директна соработка во насока на подигнување на јавната свест и сообраќајна култура
    • РСБСП апелира за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на првомајските празници!

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS