Вози трезен стигни жив – Струмица – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Вози трезен стигни жив – Струмица

    1. Насловна
    2. Кампањи
    img_5585
    27 јуни 2015

    Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во рамките на кампањата за подигнување на свеста за штетните последици од возењето под дејство на алкохол насловена како “Вози трезен – стигни жив” организира алкопатроли чија цел е посета на ноќни клубови низ Републиката и доброволно алкотестирање на присутните гости. Караванот на РСБСП вчера вечер ја посети Струмица, каде што во ноќниот клуб Платинум организираше алкопатрола која што имаше за цел да го утврди количеството на алкохол во крвта на младите струмичани.

    Сите оние лица кои при тестирањето имаа над 0.5 промили на алкохол во крвта добија симболични црвени картони со совети да не управуваат со моторни возило, а притоа им беа поделени бесплатни такси ваучери за нивно безбедно стигнување дома. Лицата кои немаа конзумирано алкохол добиваа зелени картони како знак на пофалба за нивната свест за штетното влијание на алкохолот при упраувањето со моторно возило.

    Оваа, но и следните промотивни акции се реализираат во соработка со Министерството за внатрешни работи чија функција е да ги казнува несовесните возачи, односно возачите кои што управуваат со своето возило, а притоа имаат конзумирано алкохол, но и оние возачи кои не ги почитуваат и останатите одредби од законот за Безбедност на патниот сообраќај.

    Настанот во Струмица е само почеток на една голема акција. Караванот ќе ги посети сите градови на Република Македонија во текот на целото лето. Целта на акцијата е лето без жртви во сообраќајот. Сигурно и безбедно лето. РСБСП ќе советува, ќе ги потсетува младите на нивната одговорност во  дискотеките и кафулињата, односно таму  каде забавата некогаш предолго трае, таму каде што се прави грешката, додека МВР ќе ги дисциплинира неодговорните и несовесните возачи. Затоа биди совесен возач.

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    img_5526
    Претходна Објава:
    Втората Национална стратегија за безбедност во сообраќајот
    Следна Објава:
    Со велосипед на пат низ целиот град
    1510595_928533017187729_8557491744562307633_n
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Меѓународна конференција во Република Србија на тема:„Безбедност на сообраќајот во локалната заедница“

    Одржана јавна дебата „Безбедноста на пешаците – одговорност на сите нас“ по повод Недела на пешаците

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура
    • РСБСП и Македонското радио започнуваат директна соработка во насока на подигнување на јавната свест и сообраќајна култура
    • РСБСП апелира за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на првомајските празници!

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS