ВОЗЕЊЕ ВО ЕСЕНСКИ УСЛОВИ – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    ВОЗЕЊЕ ВО ЕСЕНСКИ УСЛОВИ

    1. Насловна
    2. Корисни Совети
    ВОЗЕЊЕ ВО ЕСЕНСКИ УСЛОВИ
    29 октомври 2021

    Есенскиот период се карактеризира со пад на температурите и повеќе опасности во сообраќајот кои возачите мораат да ги имаат предвид. Тмурното време, обилните врнежи, првите мразеви, накиснатите лисја кои паѓаат на коловозите, големите температурни разлики, како и зголеменото учество на земјоделска механизација која го забавува сообраќајот, се главните опасности по сообраќајот во есен.

    Според статистичките податоци месеците октомври и ноември се најризични за возење. Токму затоа РСБСП ги предупредува возачите да внимаваат на четирите најголеми опасности со кои се соочуваат возачите на патиштата во есенскиот период:

    1. НАМАЛЕНА ВИДЛИВОСТ

    Основно правило за возење во сите годишни времиња, а особено во есен е: да се води сметка за моменталната видливост. Есенските услови сами по себе носат тмурно време со зголемена облачност во текот на целиот ден, магла во одредени региони и намален виден период на денот. Сето ова бара од возачите поголема внимателност при возењето и подготовка на возилата за овие временски прилики. За да се зголеми видливоста на возилото при вклучувањето во сообраќајот неопходна е навремена промена на бришачите на ветробранските стакла, употреба на средство за чистење на ветробраните и замена на неисправните сијалички.

    1. ПРОЛИЗГУВАЊЕ

    Обилните врнежи ја зголемуваат опасноста од пролизгување на возилата на коловозот. Возењето со поголема брзина од пропишаната, излижаните гуми, локвите вода на коловозот и насобраните влажни лисја, можат да го оневозможат движењето на возилото во посакуваниот правец, односно да дојде до пролизгување. Во таков случај не смее да се притиска сопирачката, а особено квачилото, туку треба воланот да се држи цврсто сè додека гумите повторно не воспостават цврст контакт со подлогата (коловозот). Случаевите со пролизгување можат да се спречат со благовремена замена на летните со зимски гуми. Иако законската обврска за зимска опрема на возилата започнува на 15 ноември, РСБСП им препорачува на возачите тоа да го направат порано со што ќе ја зголемат својата, но и безбедноста на другите учесници во сообраќајот.

    1. ЗЕМЈОДЕЛСКА МЕХАНИЗАЦИЈА

    Есента како период на интензивни земјоделски активности носи со себе и зголемена фреквенција на земјоделска механизација и работни машини на патиштата. Земјоделската механизација е бавно движечка и во овој дождовен период нанесува кал и земја по коловозите, кои ионака се влажни, со што се зголемува ризикот при одвивањето на сообраќајот по патиштата. Имајќи го предвид фактот дека голем број од земјоделската механизација и работни машини во државата не се адекватно осветлени и обележани, РСБСП апелира за исклучителна внимателност при возењето во овој период од годината  .

    1. МАГЛА

    Маглата е едно од обележјата на овој период од годината, особено на доцната есен. Во случај на намалена видливост поради магла, најважните препораки за возачите се: да ја намалат брзината на движење и да држат безбедно растојание од другите возила. Најчеста грешка која ја прават возачите при возењето во услови на магла е користењето на долги наместо кратки светла. Имено, долгите светла во вакви случаи ги влошуваат условите и видливоста бидејќи светлината се одбива од маглата и ги заслепува возачите. Се препорачува употреба на светла (магленки), кои се исклучуваат веднаш по излегувањето од маглата.

    РСБСП потсетува: ,,Подгответе го вашето возило за возење во есенски услови. Обврска на возачите е да се прилагодат на условите на патот и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.’’

     

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Кампања „Безбедно на трактор“ – РСБСП со апел за внимателност до возачите на трактори и други мобилни машини
    Следна Објава:
    Кампања “Паркирај совесно, паркирај одговорно”
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП започнува со „Летна кампања 2025“ – Вози одморен!
    • Мото сообраќајно-едукативна активност наменета за пешаците, мотоциклистите, велосипедистите и корисниците на е-тротинети
    • Ангеловски за НМ: Превентивата е клучна за долгорочно намалување на ризиците и последиците од сообраќајните незгоди

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS