Возачи внимавајте – доаѓа дожд – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Возачи внимавајте – доаѓа дожд

    1. Насловна
    2. Проекти
    3. Автомобили
    thumb_colourbox8645446
    10 септември 2015

    Дождот и влажниот коловоз  честопати можат да бидат предизвикувачи на сообраќајни незгоди. Причината  е намаленото триење на гумите со коловозната површина односно  лизгавоста на коловозот. Затоа РСБСП апелира до возачите:

    • Почитувајте ги сообраќајните правила и прописи,  возете со зголемено внимание и не бидете нестрпливи затоа што сепак вие не сте директно изложени на дождот;

    • Почитувајте ги знаците за ограничување на брзината на возење  надвор од населено место, но особено во населено место,  посебно во  близина на училиште, градинка, болница, односно во близина на места со зголемена фрекфенција на пешаци;

    • Бидете предвидливи во сообраќајот и избегнувајте нагло кочење и нагло свртување на управувачот;

    • Држете поголемо и безбедно  растојание помеѓу вашето возило и возилото пред вас, особено ако се движите во колона;

    • Секогаш имајте го во предвид фактот дека коловозите се лизгави  особено во делови каде што има паднати лисја, обично на самиот раб на коловозот;
    • За време на дожд секогаш користете соборени светла и на тој начин нема да  го попречите видното поле и безбедноста на останатите учесници во сообраќајот;

    • Секогаш користете сигурносен појас и вие и вашите патници;

    • Кога се приближувате до пешачки премини намалете ја вашата брзина на движење и движете се со зголемена претпазливост;

    • Посебно внимавајте на пешаците кои се движат со чадор,  затоа што чадорите го намалуваат нивното видно поле;

    • Возете внимателно на места каде што  коловозот  собира вода, така што нема да ги изводените пешаците кои  се движат по тротоар;

    • Особено внимавајте на локалните патишта, каде што на коловозот често може да се наиде на нанесена  земја од страна на околните земјоделски површини;

    Исто така, РСБСП  апелира до  пешаците:

    • Да го преминуваат коловозот само на места означени со пешачки премин;

    • Да ја почитуваат вертикалната и хоризонтална сообраќајна сигнализација;

    • Во текот на ноќта  и во услови на намалена видливост да носат посветли чевли и облека, по можност со флуоресцентни и рефлектирачки детали. Употребата на флуоросцентно елече е најдобар начин да бидете забележани од останатите учесници во сообраќајот во  ноќни услови  и во услови на намалена видливост;
    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    dreamstime_xs_2963655
    Претходна Објава:
    Возачи, бидете внимателни, започна новата учебна година!
    Следна Објава:
    Одржана 4та седница на РСБСП
    11992636_10205199905461848_1950495686_n
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Последни објави од РСБСП

    • Превентивно-едукативна акција на Г.П. Меџитлија: „Безбедно во лето – #ВозиОдморен“
    • РСБСП започнува со „Летна кампања 2025“ – Вози одморен!
    • Мото сообраќајно-едукативна активност наменета за пешаците, мотоциклистите, велосипедистите и корисниците на е-тротинети

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS