Во работата на РСБСП особено важна и значајна е улогата на медиумите. Не можеме да зборуваме за едукација и информирање на учесниците во сообраќајот без медиумите. Не можеме да зборуваме за подигање на јавната свест, за промена на културата, свеста и етиката во сообраќајот, без медиумите. Ниедна кампања, ниеден настан, нема да ја постигне својата цел доколку не сe медиумите. Благодарност до медиумите за силната поддршка и за нивниот придонес во заедничките напори за подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата.