РСБСП се залага секоја година што е можно повеќе да се зголемибезбедноста во сообраќајот. Затоа, во пресрет на Новогодишните празници и зимските услови на коловозите советуваме да се вози многу внимателнозаради зголемената раздвиженост на луѓето, зачестените патувања на подалечни дестинации, поголемиот број возила во секојдневниот сообраќај, нои заради можноста за конзумирање алкохол во текот на празнувањата. За време на Новогодишните празници не користете автомобил доколку немате потреба за тоа, а доколку се одлучите да возите бидете особено внимателни и возете безбедно за да се заштитите себеси, сопатниците во возилото и сите други учесници во сообраќајот.Заради поголема безбедност во сообраќајот и за среќни и незаборавни празници, РСБСП на возачите им препорачува:
– почитувајте ги правилата и прописите во сообраќајот,
– не конзумирајте алкохол кога управувате со моторно возило,
– почитувајте ја пропишаната брзина,
– одржувајте растојание помеѓу возилата,
– направете проверка на вашите гуми и на сопирачките,
-користете сигурносен појас.
РСБСП ви ја честита Новата 2024 година и советува:
Бидете внимателни во сообраќајот – празничното расположение споделете го со најблиските, уживајте во хармонија, среќа и благосостојба, прославувајте одговорно и возете безбедно.
м-р Гордана Кожуваровска, претседател на РСБСП, порачува: Новата 2024-та година нека донесе многу радост, среќа и благосостојба во секој дом. Сите заедно да придонесеме за зголемување на сообраќајната култура и издигнување на безбедноста на сообраќајот на уште повисоко ниво. Затоа почитувајте ги правилата и прописите и секој учесник во сообраќајот, бидете внимателни, одговорни и толерантни во сообраќајот.
ИМАЈТЕ СРЕЌНА И БЕЗБЕДНА 2024 ГОДИНА!