Денес Гордана Кожуваровска, претседател на РСБСП, оствари средба со претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери. На средбата се разговараше за соработката и достигнувањата на РСБСП во 2023 година, а беше истакнато и значењето на Собранието во процесот на донесување одлуки за поголема безбедност во сообраќајот. На крајот Кожуваровска, на претседателот на Собранието му посака добро здравје, личен и професионален успех во 2024 година.