Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во организација со СВР Струмица, по повод Ден на Полоциска превенција, организираше едукативно предавање на дечињата од прво одделение. Целта на оваа акција е запознавање на првачињата и децата од предшколска возраст со основните правила и прописи во сообраќајот и сообраќајната сигнализација преку едукативни предавања со презентација на сообраќајниот буквар и одржување на нагледни предавања на улица со сообраќајната полиција. Едукативното предавање беше одржано во просториите на СВР Струмица и во основното училиште “Гоце Делчев”- село Ангелци, Струмица.