Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, СВР Битола и СВР Струмица – Сектор за превентивни работи, со превентивни сообраќајно едукативни активности и настани организирани во ПС Битола и во основните училишта во Струмица, го одбележаа 9-ти Декември, Денот на превенцијата. Сообраќајно превентивното дејствување континуирана едукација уште од најмали нозе, единствено може долгорочно и трајно да ја издигне безбедноста на сообраќајот на патиштата на повисоко ниво.