Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ја започна кампањата „ Безбедно дете“ чиј императив е безбедно, внимателно и одговорно учество на децата и младите во сообраќајот. Во склоп на оваа кампања РСБСП обезбеди и донираше едукативен хардвер и софтвер за доопремување на сообраќајните кабинети во СОУ „Никола Карев“ – Струмица и СОУ ” Tаки Даскало” – Битола.Првенствена цел на оваа донација е поддржување и промовирање на проектот за унапредување на образованието и развој на информатичкото општество, но пред сè подигнување на безбедноста во сообраќајот преку изучување на правилата и прописите во сообраќајот во средните училишта во Република Северна Македонија.
За остварување на оваа цел РСБСП на СОУ „Никола Карев“ од Струмица и СОУ ” Tаки Даскало” – Битола, им доделува донација во технички средства и тоа: Софтвер и хардвер за едукација на ученици во сообраќајно-техничките училишта.Софтверската апликација содржи компоненти за изучување на:
- собраќајни знаци,
- категории на патишта,
- звучни и светлосни сигнали за предупредување,
- регулирање на сообраќај на крстосница и сообраќај на крстосница со кружен тек на сообраќај,
- правила за првенство на минување,
- правила за престигнување и обиколување,
- правила за користење на велосипеди, мопеди, мотоцикли, трицикли, четирицикли и тротинети,
- правила за движење на пешаците и сруго.
Хардверската компонента се состои од:
- ТВ приемник
- лап топ
- ласерски покажувач и
- USB со софтвер.
РСБСП ќе продолжи со соработка и поддршка на училиштата низ државата со цел подобрување на квалитетот на наставата и зголемување на сообраќајната култура на младата популација како најранлива категорија на учесници во сообраќајот.