РСБСП во Прилеп: Едукацијата од најмала возраст е клучна за побезбеден сообраќај – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    РСБСП во Прилеп: Едукацијата од најмала возраст е клучна за побезбеден сообраќај

    1. Насловна
    2. Активности
    29 април 2026

    Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) продолжува со реализација на превентивно-едукативни активности насочени кон најмладите учесници во сообраќајот, со цел подигнување на сообраќајната култура и намалување на ризиците на патиштата.

    Во таа насока, во Прилеп во соработка со Општинскиот совет за безедност на сообраќајот на патиштата ОСБСП Прилеп и ОСБСП Кривогаштани и Општината Прилеп и Општина Кривогаштани, како дел од кампањата „Да ги заштитиме децата во сообраќајот“ беше реализирана едукативна активност преку театарска претстава „Застани, погледни, па на пешачки помини“, наменета за децата од основните училишта, преку која на интерактивен и прилагоден начин се пренесуваат основните правила и принципи за безбедно учество во сообраќајот.

    Претседателот на РСБСП, Горан Ангеловски, истакна дека едукацијата од најрана возраст е еден од најважните столбови за создавање одговорни учесници во сообраќајот.

    „Со вакви активности директно влијаеме врз подигнување на свеста кај најмладите, кои се и една од најранливите категории во сообраќајот. Нашата цел е преку континуирана едукација да изградиме генерации кои ќе ги почитуваат правилата и ќе придонесуваат кон побезбедни патишта за сите“, посочи Ангеловски.

    Како РСБСП веруваме дека ваквите активности даваат долгорочни резултати, како дел од континуираната стратегија за превенција и едукација, особено кај децата и младите – клучни фактори за долгорочно подобрување на безбедноста во сообраќајот.

    Советот останува посветен на соработка со локалните самоуправи, образовните институции и сите релевантни чинители, со цел создавање побезбедна сообраќајна средина за сите граѓани.

    Не заборавајте: Бидете одговорен учесник во сообраќајот – Секој живот е важен!

    " Деца, Едукација, Прилеп, рабсп, тетарска претстава
    Претходна Објава:
    Претседателот на РСБСП дел од „XXI Меѓународна конференција за БСП во локалните заедници“ во Србија
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП во Прилеп: Едукацијата од најмала возраст е клучна за побезбеден сообраќај

    Претседателот на РСБСП дел од „XXI Меѓународна конференција за БСП во локалните заедници“ во Србија

    РСБСП и ОСБСП во Кратово преку театарска претстава ги едуцираше децата од основните училишта во градот

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП во Прилеп: Едукацијата од најмала возраст е клучна за побезбеден сообраќај
    • Претседателот на РСБСП дел од „XXI Меѓународна конференција за БСП во локалните заедници“ во Србија
    • РСБСП започнува со кампања насочена кон матурантите „На матурска прослава без автомобил”

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS