РСБСП со апел: Внимателно и одговорно во сообраќајот за продолжениот празничен викенд по повод „Први мај“!   – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    РСБСП со апел: Внимателно и одговорно во сообраќајот за продолжениот празничен викенд по повод „Први мај“!  

    1. Насловна
    2. Корисни Совети
    30 април 2026

    Претстојниот продожен викенд, по повод празникот „1 Мај“,  очекувано е да се користи за патување, излети во природа и дружење со семејството и пријателите. Дел од граѓаните ќе останат во своите домови, но некои граѓани ќе ја искористат оваа празнична можност да отпатуваат кон некој од многуте туристички центри или на прошетка во планина, покрај езеро и сл.

    РСБСП потсетува дека искуствата од минатите години покажуваат дека за време на празници, особено за време на продолжен викенд, многу често се случуваат сообраќајни незгоди со сериозни и фатални последици.

    Сообраќајот не е место каде што треба да се троши вишокот на адреналин. Последиците и загубите од сообраќајните незгоди се премногу сериозни, честопати фатални и ненадоместливи, за да може кој било да си дозволи неодговорно однесување во сообраќајот. Затоа, апелираме на етичност и одговорност, како и на максимално почитување на сообраќајните правила и прописи од страна на сите учесници во сообраќајот.

    Во сообраќајот нема мали и големи грешки. Секое неправилно однесување во сообраќајот може да заврши со сериозни последици. Бидете одговорни учесници во сообраќајот и на тој начин придонесете доброто празнично расположение да трае и после одбележувањето на празниците. Преземете мерки за ваша и сигурност на другите учесници во сообраќајот.

    Затоа Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата апелира:

    • Возете одговорно и почитувајте ги сообраќајните правила и прописи  и поставената сообраќајна сигнализација.
    • Задолжително користете сигурносен појас.
    • Не користете мобилен телефон, или друг уред со кој би Ви се одвлекло вниманието при управување со возило
    • Не управувајте со моторно возило ако сте под дејство на алкохол.
    • Почитувајте ги правилата за ограничување на брзината.
    • Планирајте го патувањето однапред и правете паузи за одморза време на патувањето.
    • Бидете совесни и одговорни учесници во сообраќајот.

    Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ви посакува  весел и безбеден продолжен празничен викенд.

    #ВОЗИОДГОВОРНО – Секој живот е важен!

    " Активности, Безбедност, Возење, ВозиОдговорно
    Претходна Објава:
    РСБСП во Прилеп: Едукацијата од најмала возраст е клучна за побезбеден сообраќај
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП во Прилеп: Едукацијата од најмала возраст е клучна за побезбеден сообраќај

    Претседателот на РСБСП дел од „XXI Меѓународна конференција за БСП во локалните заедници“ во Србија

    РСБСП и ОСБСП во Кратово преку театарска претстава ги едуцираше децата од основните училишта во градот

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП со апел: Внимателно и одговорно во сообраќајот за продолжениот празничен викенд по повод „Први мај“!  
    • РСБСП во Прилеп: Едукацијата од најмала возраст е клучна за побезбеден сообраќај
    • Претседателот на РСБСП дел од „XXI Меѓународна конференција за БСП во локалните заедници“ во Србија

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS