Во пресрет на воведување на механизмот за следење на безбедноста на сообраќајот на патиштата со помош на индикатори, вчера во Битола се одржа првата работилница намената за работните групи од овој полициски регион. Овој механизам за прв пат се воведува во Македонија и треба да даде квантитативни податоци за безбедноста во сообраќајот на локално ниво.