Општинскиот совет за безбедност во сообраќајот од Гевгелија вчера го организираше Општински квиз натпревар: Да ги заштитиме децата во сообраќајот наменет за дечињата од основните училишта од општината. Оваа активност е дел од програмата на РСБСП и ОСБСП за подигнување на безбедноста на децата во сообраќајот. РСБСП и Општина Гевгелија ја поддржаа реализацијата на квизот.