Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во соработка со ОСБСП на Општина Битола и претставници од Министерството за внатрешни работи, во рамките на кампањата за зголемување на безбедноста на децата во сообраќајот насловена како “Секој ден да е безбеден” одржаа едукативни предавања во OОУ “Гоце Делчев” во Општина Битола и ДСУ “Преродба” во Општина Долнени. На присутните ученици им беа презентирани сообраќајните правила и прописи кои што треба да ги почитуваат за нивно безбедно учество во сообраќајот.