РСБСП започна со реализација на проектот „ Едукативен автобус“ – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    РСБСП започна со реализација на проектот „ Едукативен автобус“

    1. Насловна
    2. Проекти
    17 април 2016

    Безбедноста на децата во сообраќајот претставува врвен приоритет на сите општествени чинители. Континуираната сообраќајна едукација и промената на навиките и културата на однесување во сообраќајот се главниот инструмент за унапредување на сообраќајната превенција, а со тоа и за намалување на бројот на загинати и повредени во сообраќајот на патиштата, а посебно за намалување на бројот на загинати и повредени  деца и млади лица во сообраќајни незгоди.

    Токму затоа, како прва активност која произлезе од потпишувањето на меморандумот за соработка меѓу РСБСП и ЈСП, а во соработка со АМСМ, МВР, МОН и Општина Карпош се реализира проектот „Едукативен автобус“.

    „Целта на проектот е поголема сообраќајна едукација на децата, односно нивно едуцирање за сообраќајните правила и прописи, запознавање со сообраќајните знаци преку практични и реални примери, нивно оспособување за полесно да го препознаваат ризикот и опасностите во сообраќајот со кои секојдневно се среќаваат, како пешаци или како велосипедисти”-  истакна претседателот на РСБСП, г-дин Стојче Стаменковски.

    Директорот на ЈСП, г-дин Игор Јанушев, посочи дека во рамките на овој проект е  брендиран еден двокатен автобус на ЈСП, со соодветна содржина под мотото „Учиме за сообраќај“, со кој денес ќе се одржи првото едукативно возење по главните улици и булевари во Скопје, со децата од ОУ „Братство“ од Општина Карпош.

    За време на едукативното возење, претставници од МВР и предавачи од АМСМ, преку инсталирана опрема ќе ги информираат и едуцираат децата за сѐ што гледаат во сообраќајот и за сите позитивни и негативни примери, а посебно ќе посветат внимание на однесувањето на пешаците и велосипедистите.

    На настанот се обрати и градоначалникот на Општина Карпош, г-дин Стевче Јакимовски, кој ја изрази својата поддршка за организирањето активности насочени кон зголемување на едукација на децата, особено во делот на сообраќајната култура и препознавање ризици со кои тие секојдневно се соочуваат.

    Во рамките на проектот, за учениците од четврто одделение ќе бидат реализирани едукативни предавања на тема „Како да бидеме безбедни пешаци и велосипедисти“.

    На настанот се обрати и заменик-министерот за образование, г-дин Спиро Ристовски. Тој ја поздрави оваа иницијатива и истакна дека токму со поголема практична и теоретска сообраќајна едукација за сообраќајните правила и прописи на најмладите, се гради една култура која значително ќе се придонесе во подобрување на безбедноста на децата во сообраќајот.

    Едукативното возење, практично предавање, ќе се реализира еднаш неделно (секој вторник) во различно училиште, а неговата прва фаза ќе трае до завршување на учебната година.

     Ова е еден од неколкуте проекти наменети за зголемување на безбедноста на децата во сообраќајот кој заедно со иницијативата за зголемување на сообраќајното образование во рамките на редовниот образовен процес, а согласно со Националната стратегија за безбедност во сообраќајот ги реализира Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во соработка со своите партнери.

     

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    РСБСП промовираше две нови кампањи
    Следна Објава:
    Aнкетeн прашалник за користење велосипеди
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Меѓународна конференција во Република Србија на тема:„Безбедност на сообраќајот во локалната заедница“

    Одржана јавна дебата „Безбедноста на пешаците – одговорност на сите нас“ по повод Недела на пешаците

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура
    • РСБСП и Македонското радио започнуваат директна соработка во насока на подигнување на јавната свест и сообраќајна култура
    • РСБСП апелира за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на првомајските празници!

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS