Одговорното учество и подигнување на културата на сите учесници во сообраќајот, како директен фактор кој влијае врз намалување на бројот на сообраќајни незгоди, претстаува императив за секоја земја.
За таа цел, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, како тело кое безрезервно се заложува за безбезбедност на сите учесници во сообраќајот, на денешната прес-конференција ги најави двете нови кампањи за безбедно учество во сообраќајот, а воедно презентираше дел од статистичките податоци, кои се однесуваат на непочитување на сообраќајните правила и прописи, добиени од истражувања на РСБСП, како и статистички податоци за случени сообраќајни незгоди во изминатиот период .
Според истражувањето што го направи РСБСП, загружувачки се податоците за следниве прекршоци: 85% од испитаниците одговориле дека управувале со моторно возило под дејство на алкохол, 86% ја пречекориле максималано-дозволената брзина, додека 63% од испитаниците изјавиле дека користат мобилен телефон додека управуваат со моторно возило.
Новите трендови носат и нови ризици во управувањето со моторно возило и како резултат на сите истражувања направени минатиов период, денес РСБСП промовираше две нови кампањи.
Првата кампања е насочена кон едукација на учесниците за штетните последици од користење мобилен телефон додека управуваат со моторно возило.
“Идејата е да ја подигнеме свеста кај возачите, односно да им укажеме дека и со мало невнимание при праќање порака или остварување повик, постои голем ризик од сообраќајна незгода.” изјави Претседателот на РСБСП, Стојче Стаменковски.
Втората кампања има цел преку реални примери од сообраќајни незгоди и лични судбини да ја подигне свеста за штетните последици од возењето со зголемена брзина и возењето под дејство на алкохол.
“Имено, преку траорни слики и текстови, кои отсликуваат реални примери, настојуваме да го предизвикаме вниманието и да ја разбудиме свеста за поодговорно учество во сообраќајот кај сите учесници. “-истакна Стаменковски.
Двете кампањи ќе бидат комуницирани преку билборди, реклами на социјалните медиуми, постери и флаери. Паралелно со ова ќе се реализираат низа едукативни настани, предавања и други превентивни и едукативни теренски акции, кои ќе ја доближат темата до сите учесници во сообраќајот.
Важноста на темите што ги опфаќааат кампањите е навистина голема. Затоа истите ќе се реализираат во период од шест месеци.
Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, ги повикува сите надлежни институции да се вклучат во овие кампањи. Истовремено, испрати апел до МВР поактивно и бескопромисно да продолжи да ги санкционира сите прекршители на Законот, а учесниците во сообраќајот да го преземат својот дел од одговорноста.