РСБСП: Возете внимателно! Доаѓа период на ниски температури, дожд, снег, голомразица и влажни коловози – Подгответе го возилото за возење во зимски услови! – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Мотоциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    РСБСП: Возете внимателно! Доаѓа период на ниски температури, дожд, снег, голомразица и влажни коловози – Подгответе го возилото за возење во зимски услови!

    1. Насловна
    2. Проекти
    3. Автомобили
    РСБСП: Возете внимателно! Доаѓа период на ниски температури, дожд, снег, голомразица               и влажни коловози – Подгответе го возилото за возење во зимски услови!
    8 ноември 2021

    Есенскиот период се карактеризира со пад на температурите и зголемени опасности во сообраќајот кои возачите мораат да ги имаат предвид. Главните опасности по сообраќајот во есен се: тмурното време, обилните врнежи, првите мразеви, накиснатите лисја кои паѓаат на коловозите, големите температурни разлики, како и зголеменото учество на земјоделска механизација која го успорува сообраќајот.

    Подгответе го вашето возило за возење во есенски и зимски услови. Обврска на возачите е да се прилагодат на условите на патот и да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

    Временските услови влијаат на безбедното одвивање на патниот сообраќај и токму затоа Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) апелира до учесниците во сообраќајот да бидат внимателни, одговорни и подготвени за безбедно управување на возилото при услови на влажни коловози и пониски температури при есенски и зимски услови на патиштата.

    РСБСП особено потсетува на следното:

    • НАМАЛЕТЕ ЈА БРЗИНАТА.  Во услови на ниски температури и обилни врнежи од дожд или снег, појавите на голомразица на патот, влажни и лизгави коловози се очекувани, особено доколку патувате во раните утрински или доцните вечерни часови. Затоа бидете внимателни, прилагодете ја брзината според условите на патот и запомнете дека најважно од сѐ е живи, здрави и безбедни да пристигнете на посакуваната дестинација.• ДРЖЕТЕ БЕЗБЕДНО РАСТОЈАНИЕ. Лошите временски услови и непогодната состојба на коловозите влијаат на сопирачкиот пат на возилото. Затоа,  држете безбедно растојание и внимавајте на однесувањето на другите учесници во сообраќајот.

    • БИДЕТЕ ПРЕДВИДЛИВИ. За безбедно одвивање на сообраќајот при дожд, влажни и замрзнати коловози особено е важно вашите постапки во сообраќајот да бидат најавени, очекувани и предвидливи. Согласно тоа, редовно користете трепкачи и избегнувајте нагли дејствија, како нагло свртување, нагло запирање, успорување или забрзување на возилото.

    • ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО ВО УСЛОВИ НА МАГЛА. Секогаш кога се движите низ магла, прво намалете ја брзината и вклучете ги соборените светла и светлата за магла (доколку поседувате такви светла). Почитувајте ги ограничувањата на брзината и не престигнувајте други возила сè додека вашето видно поле не стане чисто и прегледно, а вашето престигнување безбедно.

    • НАПРАВЕТЕ ТЕХНИЧКА ПРОВЕРКА НА ВОЗИЛОТО. При есенски услови на патот посебно важно е да управувате технички исправно возило. Искуствата покажуваат дека при пониски температури и влажни и лизгави коловози  на површина излегуваат сите неисправности на возилото. За ваша безбедност, за безбедно и непречено пристигнување на посакуваната дестинација, направете  редовна зимска проверка на возилото со посебен акцент на проверка на системот за управување, системот за запирање, пневматиците, електрониката и сл.

    РСБСП уште еднаш потсетува дека безбедноста во сообраќајот зависи од секој од нас. Доколку сите бидеме внимателни и одговорни во сообраќајот и ги почитуваме сообраќајните правила и прописи, тогаш бројот на сообраќајни незгоди и бројот на загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди значително ќе се намали.

     

    #ОДТЕБЕЗАВИСИ!   #БИДИОДГОВОРЕНВОЗАЧ!

     

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    РСБСП СО АПЕЛ: „ПАРКИРАЈТЕ СОВЕСНО И ОДГОВОРНО!“
    Следна Објава:
    РСБСП со потсетување: Од 15 Ноември задолжително носење на зимска опрема во возилото!
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    КАМПАЊА: #БезбедноНаТротинет

    https://youtu.be/WRQEo-yYTk0
    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП на панел дискусија на Технички Факултет Битола по повод Меѓународен ден на културата во сообраќајот

    11 Мај – Меѓународен ден на културата во сообраќајот

    РСБСП во Прилеп: Едукацијата од најмала возраст е клучна за побезбеден сообраќај

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП со апел: Внимателно и одговорно во сообраќајот за продолжениот празничен викенд
    • Потпишан Меморандум за соработка меѓу РСБСП и АВМУ за зголемување на безбедноста во сообраќајот
    • РСБСП на панел дискусија на Технички Факултет Битола по повод Меѓународен ден на културата во сообраќајот

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS