РСБСП со апел: Внимателно и одговорно зад воланот за време на празниците! – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    РСБСП со апел: Внимателно и одговорно зад воланот за време на празниците!

    1. Насловна
    2. Корисни Совети
    РСБСП со апел: Внимателно и одговорно зад воланот за време на празниците!
    29 април 2021

    Пред нас се денови на празници, неработни денови и продолжен викенд  кој  најчесто се користи за патување,  излети во природа и дружење со семејството и пријателите. Пандемијата со Covid 19, забраната за собирање во поголеми групи, препораките за социјална дистанца и делумното ограничување на движењето, и оваа година ќе остават своја трага и ќе влијаат на тоа како ќе се прослават велигденските и првомајските празници. 

    Голем дел од граѓаните  ќе останат во своите домови,  а  еден дел секако ќе ја искористат оваа празнична можност да отпатуваат во викенд куќи, во планина, на езеро,….  Секако дека оваа ситуација е добредојдена и препорачена во овие моменти, но РСБСП потсетува дека  искуствата од минатите години покажуваат дека за време на поразници, особено за време на продолжен викенд многу често се случуваат сообраќајни незгоди со сериозни и фатални последици.

    И покрај тоа што голем дел од граѓаните чувствуваат одреден немир, потреба за поголема слобода, итн.  поради мерките кои се преземаат за заштита од вирусот Ковид 19,  РСБСП потсетува дека сообраќајот не е место каде што треба да се троши вишокот на адреналин и аперлира  да се задржи здравиот разум и одговорноста и максимално  да се почитуваат  сообраќајните правила и прописи од страна на сите учесници во сообраќајот. Последиците и загубите од сообраќајните незгоди се премногу сериозни, фатални, трајни и ненадоместливи за да може било кој да си дозволи неодговорно учество во сообраќајот. Бидете одговорни учесници во сообраќајот и на тој начин ќе придонесете   доброто празнично расположение да остане, да биде  присутно и да продолжи и после празниците.

    Во сообраќајот нема мали и големи грешки. Секое непочитување на сообраќајните правила и прописи може да заврши со сериозни и фатални последици затоа : 

           •     возете одговорно и почитувајте ги сообраќајните правила и прописи

          •       почитувајте ја поставената сообраќајна сигнализација,

          •       не управувајте со моторно возило ако сте под дејство на алкохол,

          •       почитувајте ги правилата за ограничување на брзината

          •       задолжително ставете појас

    Безбедното одвивање на сообраќајот  зависи од сите нас поединечно, од нашите лични одлуки и дејствија кои ги преземаме. Затоа, мислете на време за потоа да не се каете за последиците.  Бидете одговорни учесници во сообраќајот. Внимателното и одговорно учество во сообраќајот, внимателното возење е основен предуслов за безбедни празнични денови.

    Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата ви посакува  весели и безбедни  велигденски и првомајски  празници. 

    #ВОЗИОДГОВОРНО!

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    „Стави  појас!“,засилени контроли од страна на сообраќајната полиција
    Следна Објава:
    Кој, како, кога, и каде може да управува електричен тротинет?
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП започнува со „Летна кампања 2025“ – Вози одморен!
    • Мото сообраќајно-едукативна активност наменета за пешаците, мотоциклистите, велосипедистите и корисниците на е-тротинети
    • Ангеловски за НМ: Превентивата е клучна за долгорочно намалување на ризиците и последиците од сообраќајните незгоди

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS