„Стави  појас!“,засилени контроли од страна на сообраќајната полиција – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    „Стави  појас!“,засилени контроли од страна на сообраќајната полиција

    1. Насловна
    2. Активности
    „Стави  појас!“,засилени контроли од страна на сообраќајната полиција
    12 април 2021

    Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патишта ги известува возачите односно патниците дека  едукативно-превентивната кампања „Стави појас!“, која што има за цел подигање на свеста за поголема употреба на сигурносните појаси од страна на возачите и патниците се реализира секојдневно, преку интензивни сообраќајно- превентивни активности кои се спроведуваат во соработка со МВР,  на територијата на цела држава. Притоа, РСБСП потенцира дека покрај интензивните превентивни активности, во тек се засилени контроли на сообраќајната полиција за користењето на сигурносните појаси.Целта на РСБСП и на МВР не е санкционирање на возачите и патниците туку подигање на свеста за редовна употреба на сигурносни појаси заради заштита на нивниот живот. Согласно тоа, РСБСП и МВР апелираат до возачите и патниците, при секое влегување во возилото задолжително да стават појас.

    Користењето на сигурносните појаси е законска обврска, како за возачите, така и за патниците на предните и задните седиштa, односно согласно ЗБСП секаде кадешто во возилото фабрички се вградени појаси возачите односно патниците се должни да ги користат. Обврската за користење на сигурносен појас е задолжителна, без разлика на тоа дали возилото се движи во населено или надвор од населено место.

    Возачите и патниците треба да знаат дека користењето на сигурносниот појас е наменето, пред сѐ, за нивна лична безбедност и лична заштита. За некористење на сигурносен појас, законот предвидува парична санкција за возачите во износ од 40 евра во денарска противвредност  и  парична санкција за патниците од 50 евра во денарска противвредност, притоа  паричната санкција се однесува  исклучиво за лицето кое не користи појас, без разлика дали станува збор за возач или патник. 

    Сепак, возачите и патниците треба да бидат свесни дека најголема казна за некористење на појас се  последиците од сообраќајните незгоди.  РСБСП потсетува дека целиот систем на пасивна безбедност кај новите возила зависи од тоа дали е ставен појасот, односно кај голем дел од современите моторни возила вклучувањето на воздушните перничиња директно  зависи од тоа дали е ставен сигурносниот појас.

    Затоа користете сигурносен појас и патувајте безбедно!

    #СТАВИПОЈАС!   

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Работна средба на Претседателот на РСБСП и директорот на Агенцијата за безбедност на сообраќајот на Република Србија
    Следна Објава:
    РСБСП со апел: Внимателно и одговорно зад воланот за време на празниците!
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Меѓународна конференција во Република Србија на тема:„Безбедност на сообраќајот во локалната заедница“

    Одржана јавна дебата „Безбедноста на пешаците – одговорност на сите нас“ по повод Недела на пешаците

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура
    • РСБСП и Македонското радио започнуваат директна соработка во насока на подигнување на јавната свест и сообраќајна култура
    • РСБСП апелира за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на првомајските празници!

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS