Кој, како, кога, и каде може да управува електричен тротинет? – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Кој, како, кога, и каде може да управува електричен тротинет?

    1. Насловна
    2. Проекти
    Кој, како, кога, и каде може да управува електричен тротинет?
    4 мај 2021

    Електричните тротинети и електромобилноста се нешто ново, нешто што е во тренд, нешто популарно и актуелно.Пред само една година, електричните тротинети ги гледавме како туристичка атракција во големите европски  метрополи, а денес тие се веќе тука и присутни се на улиците, тротоарите, велосипедските патеки во Скопје и во другите градови.  Нивното присуство во сообраќајот носи многу придобивки, отвара многу алтернативи за надминување на проблемот со сообраќајниот метеж, гужвата и бучавата во сообраќајот, континуираниот недостаток на паркинг места,  загаденоста, итн. но носи и закани за безбедноста на учесниците во сообраќајот.

    Согласно наведеното РСБСП со потсетување за тоа кој, како, кога, и каде може да управува електричен тротинет односно  РСБСП потсетува дека:

              •   Електричен тротинет може да управува лице кое  навршило 14 години возраст.

             •    Возачот на електричен тротинет е должен да го управува тротинетот по велосипедска патека или велосипедска лента, а доколку истите не се изградени, по пешачка патека, односно друга површина наменета за движење на пешаци. ( се забранува движење со тротинет на коловоз).

             •    Возачот на електричен тротинет, не смее да се движи по велосипедска патека односно лента со брзина поголема од 25 km/h.  а по тротоар и  пешачка патека, не смее да се  движи  со брзина поголема од 6 km/h.

            •     Ако двајца или повеќе возачи на електричентротинет се движат во група,  должни се да се движат еден позади друг.

            •     Возачот на електричен тротинет е должен да управува со возилото на начин на кој не се намалува стабилноста на возилото односно  не смее да ги симнува рацете од управувачот, да се придржува за друго возило, да превезува, влече или турка предмети што можат да го попречуваат во управувањето со возилото.

             •    Возачот на електричен тротинет не смее да превезува други лица за време на управување со возилото и не смее да води животни.

            •     Возачот на електричен тротинет треба да носи  заштитен шлем на главата за време на управувањето на  возилото. ( треба но нема санкција)

               •  Возачот на електричен тротинет, од првиот самрак до потполно разденување, како и во услови на  намалена видливост, е должен да носи рефлектирачки елек за време на управувањето на возилото.

             •    На електричниот тротинет задолжително треба да има светло во бела боја на предната  страна и светло со црвена боја на задната страна.

    РСБСП со апел: Секогаш кога учествувате во сообраќај со електричен тротинет почитувајте ги правилата и прописите во сообраќајот, заради ваша безбедност и заради тоа  што  вие сте активен учесник во сообраќајот.

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    РСБСП со апел: Внимателно и одговорно зад воланот за време на празниците!
    Следна Објава:
    Ден на културата во сообраќајот!
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП започнува со „Летна кампања 2025“ – Вози одморен!
    • Мото сообраќајно-едукативна активност наменета за пешаците, мотоциклистите, велосипедистите и корисниците на е-тротинети
    • Ангеловски за НМ: Превентивата е клучна за долгорочно намалување на ризиците и последиците од сообраќајните незгоди

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS