Ден на културата во сообраќајот! – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Ден на културата во сообраќајот!

    1. Насловна
    2. Активности
    Ден на културата во сообраќајот!
    11 мај 2021

         РСБСП со апел: „ Да ја унапредиме културата во сообраќајот почнувајки секој од  себе и  преку личен пример  да придонесеме за побезбеден сообраќај “

     

    Препознавајќи ја потребата да се зајакне свеста за културата во сообраќајот, на 11 мај 2015 година, во Унгарија, со поддршка на Светската здравствена ореганизација, за првпат е организиран  настан  во чест на  подигнувањето на свесноста за значењето и влијанието на сообраќајната култура врз безбедноста во сообраќајот. Овој настан прерасна во традиционална манифестација позната како „ДЕН НА КУЛТУРАТА ВО СООБРАЌАЈОТ“.

    Сообраќајната култура е мошне важен елемент на безбедноста во сообраќајот и не претставува само познавање на сообраќајните правила и прописи и поседување на вештини и  умеење да се управува со возило, туку истовремено  претставува и навика на нивно редовно и безусловно почитување и применување. Со други зборови, сообраќајната култура  претставува  начин на перцепирање на односите во сообраќајот, начин на  движење и однесување во сообраќајот кој треба да биде во насока  на исполнување на општите и заеднички  интереси на сите учесници во сообраќајот, а тоа е непречено и безбедно одвивање на  сообраќајот.

    Сообраќајната култура е дел од општата социјална култура. Градењето сообраќајна култура е континуиран процес, кој започнува од мали нозе.  Самиот  процес на едукација, односно самиот процес на градење на сообраќајна култура е далеку полесен процес од процесот на промена на навиките и културата во сообраќајот. Токму затоа неопходно е да ги учиме децата на сообраќајна култура од најрана возраст.  Искуството покажува дека ги учиме децата на многу работи,  а недоволно ги учиме за тоа како да бидат безбедни и примерни учесници во сообраќајот.

    Семејството и воспитно-образовните институции имаат важна улога во развивањето на сообраќајната култура на децата. Односот на родителот во сообраќајот, без разлика дали е во улога на пешак или возач на возило во кое се вози и детето, како и почитувањето на сообраќајните правила од страна на возрасните, има големо влијание во развивање на сообраќајната култура на детето како учесник во сообраќајот. Бидете позитивен пример за децата во сообраќајот и на тој начин заштитете ги децата од повреди и загуби во сообраќајот, сега и во иднина.

    Карактеристично во Рпублика Северна Македонија е тоа што најголем дел од учесниците во сообраќајот се единствени во ставот дека сообраќајната култура и етика не се на потребното и на посакуваното ниво, но за жал  речиси сите  ги бараат причините, вината и пропустите кај другите, а истовремено заборавајки дека сообраќајот е сложен систем, мозаик во кој сите ние партиципираме.

    Последиците од сообраќајните незгоди се премногу сериозни  и  наша заедничка обврска, општ и заеднички интерес на сите граѓани, е да се издигне сообраќајната култура на повисоко ниво. Унапредување на културата, етиката и толеранцијата во сообраќајот значително ќе придонесе за побезбеден и посмирен сообраќај, односно ќе придонесе за помалку сообраќајни незгоди,  помал сообраќаен метеж и помалку настрадани лица на улиците и патиштата .

    Сообраќајна култура значи да се однесувате во сообраќајот водени од  мотото дека:

          •       Секој има право да се движи безбедно во сообраќајот и секој има обврска да

                  придонесува за подобрување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

           •      Сообраќајните правила и прописи важат за сите и сите се должни максимално, целосно

                   и безусловно да ги почитуваат.

          •       Сообраќајните правила  и прописи постојат  за да не заштитат сите нас.

          •       Децата се нашето богатство, децата се наша иднина! Да ги зачуваме децата од повреди

                  и  загуби во сообраќајот!

    По повод 11-ти Мај- Ден на културата во сообраќајот, РСБСП со апел: „Да ја унапредиме културата во сообраќајот, да ги промениме лошите навики во сообраќајот почнувајки секој од самиот себе и преку личен пример  и  позитивен придонес да дадеме поддршка за побезбеден сообраќај.  Бидете внимателни, одговорни, културни и толерантени учесници во сообраќајот, денес и секој друг ден! 

    #ДЕННАКУЛТУРАТАВОСООБРАЌАЈОТ!

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Кој, како, кога, и каде може да управува електричен тротинет?
    Следна Објава:
    Работна средба на Претседателот на РСБСП Гордана Кожуваровска со Директорот на Агенцијата за безбедност на сообраќајот на Република Србија Душко Пешиќ
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП започнува со „Летна кампања 2025“ – Вози одморен!
    • Мото сообраќајно-едукативна активност наменета за пешаците, мотоциклистите, велосипедистите и корисниците на е-тротинети
    • Ангеловски за НМ: Превентивата е клучна за долгорочно намалување на ризиците и последиците од сообраќајните незгоди

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS