РСБСП со апел: Останете будни, концентрирани и внимателни секогаш кога сте позади воланот! – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    РСБСП со апел: Останете будни, концентрирани и внимателни секогаш кога сте позади воланот!

    1. Насловна
    2. Активности
    РСБСП со апел: Останете будни, концентрирани и внимателни секогаш кога сте позади воланот!
    6 август 2019

    Летото е период на одмори и патувања.  Статистичките поддатоци покажуваат дека во летниот период интензитетот на сообраќајот расте повеќекратно, а со тоа се зголемува и бројот на сообраќајни незгоди и бројот на настрадани лица во сообраќајни незгоди.

    Ако ја земеме во предвид црната статистика, со право може да се каже дека летните месеци се црни денови во сообраќајот.  Секојдневно на патиштат се губат многу човечки животи.

    Една од причините за фаталниот исход во сообраќајот во летниот период е токму заморот.  Според истражувањата на релевантни меѓународни организации, заморот е примарна причина за околу  20% од смртните случаи на патиштата во светот.  Слична е состојбата и на патиштата кај нас. 

    Според истражувањата,  најголем дел од сообраќајните незгоди предизвикани од заморот се случуваат токму во летниот период, т.е во услови на високи температури и долги патувања. Најголем број од сообраќајните незгоди поврзани со замор се случуваат во часовите предвидени за спиење.  Она што исто така е карактеристично  е тоа што сообраќајните  незгоди кои се последица на заморот најчесто завршуваат фатално поради недостатокот на можност за реакција од страна на возачот, односно поради  недостатокот на можност за избегнување или амортизирање на последиците од незгодата.Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата  уште еднаш потсетува: 

    •   Бидете  одговорни  возачи.  Возете одморени  и не го потценувајте заморот,  затоа што заморот е посилен од вас. 

    •   Планирајте го вашето патување на време и патувајте наспиени и одморени. Планирајте го вашето време на тргнување  според тоа кога сте најмногу одморени,  а не според гужвата во сообраќајот и според гужвата на граничните премини.

    •   Не тргнувајте на долг пат после работа или после цел ден поминат на плажа. Подобро,  еден ден помалку на одмор, откоклу да учествувате во сообраќајна незгода која може да биде со долгорочни и фатални последици.

    •   Правете 15 минути пауза на секој два часа ефективно возење. Кратките паузи се добредојдени за освежување на концентрацијата и вниманието.

    •   Не тргнувајте на пат ако се чувствувате изморени, ненаспиени и деконцентрирани. Возењето е комплексна работа која бара во исто време да се извршуваат повеќе активности и  да се следат повеќе ситуации истовремено.  Возењето бара фокусираност,  концентрација и енергија.

    •   Консумирајте повеќе вода кога возете. Консуирањето на вода освежува. Избегнувајте да консумирате  благи напитоци со многу шеќер.

    •   Бидете внимателни со употребата на лековите и другите психотропни супстанции  ( задолжително прочитете го упатство и консултирајте се со лекар доколку имате потреба).

     Најдобар  начин за справување со заморот е добро спиење. Ниту еден кофеински или енергетски  производ не може да го замени добриот сон пред тргнување на пат.  Ефектите од користење на енергетски пијалоци се краткотрајни ( моментални) бидејки тие не му даваат дополнителна енергија на организмот туку само максимално ја црпат енергијата од организмот и за неколку часа предизвикуваат комплетен замор и истрошеност на организмот.

    Затоа: Не дозволувајте летното патување  да се претвори  во  нечија семејна трагедија! Возете наспиени и одморени!  Ова лето, безбедноста нека ви биде на прво место!

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Летна кампања на РСБСП: „Ова лето, безбедноста на прво место!“
    Следна Објава:
    РСБСП со апел до возачите: Безбедноста на прво место! Празникот одбележете го достоинствено и не управувајте моторно возило под дејство на алкохол!
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Меѓународна конференција во Република Србија на тема:„Безбедност на сообраќајот во локалната заедница“

    Одржана јавна дебата „Безбедноста на пешаците – одговорност на сите нас“ по повод Недела на пешаците

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура
    • РСБСП и Македонското радио започнуваат директна соработка во насока на подигнување на јавната свест и сообраќајна култура
    • РСБСП апелира за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на првомајските празници!

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS