Летна кампања на РСБСП: „Ова лето, безбедноста на прво место!“ – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Летна кампања на РСБСП: „Ова лето, безбедноста на прво место!“

    1. Насловна
    2. Кампањи
    Летна кампања на РСБСП:  „Ова лето, безбедноста на прво место!“
    15 јули 2019

    Статистичките податоци покажуваат дека традиционално  во летниот период  двојно се зголемува бројот на сообраќајни незгоди,  а со тоа двојно се зголемува и бројот на  загинати и повредени лица во сообраќајни незгоди.

    Согласно тоа, РСБСП, АМСМ и СИЗ „Македонија Сообраќај – Америт“, се придружуваат на кампањата на МВР и заеднички најавуваат дека оваа лето безбедноста на сообраќајот на патиштата ќе биде врвен приоритет.  Тоа значи дека во наредниот период ќе бидат реализирани голем број на сообраќајно едукативни активности, но ќе биде засилена и контролата и санкционирањето  на неодговорните учесници во сообраќајот.   Единствено со ваков пристап кон безбедноста на патниот сообраќај односно  преку големиот број на едукативни кампањи и силна и интензивна контрола на учесниците во сообраќајот  во  2018 година значително беше подобрена безбедноста на патниот сообраќај со што бројот на настрадани лица во сообраќајни незгоди беше сведен на најниско ниво во последните 5 години.

    Безбедноста на сообраќајот на патиштата е наша заедничка цел и согласно тоа во наредниот период заеднички ќе реализираме повеќе едукативни акции за одговорно учество во сообраќајот. Убедени сме дека со заедничко, координирано, континуирано и силно дејствување на сите надлежни субјекти  ќе успееме во нашата цел  за  помалку  жртви и помалку повредени лица на патиштата – истакнуваат од Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Летната кампања е традиционална активност на РСБСП и партнерите.  Целта на оваа кампања е подобрување на безбедноста на сообраќајот на патиштата за време на летниот период во услови на висока температура и зголемена сообраќајна фрекфенција. Во рамките на кампањата ќе бидат реализирани голем број на активности за подигање на јавната свест за поголема безбдност на сообраќајот на патиштата  преку  зголемено почитување на  сообраќајните правила и прописи,  преку едуцирање и информирање на домашните и странските возачи за собраќајните правила и прописи,  со посебен акцент за информирање на домашните и странските возачи за законските санкции кои произлегуваат од определени видови на сообраќајни прекршоци,  како и едуцирање и информирање на сите учесници во сообраќајот за влијанието на високите температури на способноста за управување на  возилото, неговата  техничка исправност и нивното дејствување во насока на влошување на условите на патот. Посебен сегмент  во оваа кампања ќе биде заморот  и неговото влијание на способноста за управување на моторно возило.

    Статистичките податоци покажуваат дека изминатата година во месеците јули и август 28 лица го загубиле животот во сообраќајни незгоди и наша цел е оваа година оваа црна статистика значително да ја намалиме – изјави Претседателот на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата,  Гордана Кожуваровска,   која уште еднаш апелира до возачите да бидат внимателни и одговорни, да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да ја почитуваат поставената сообраќајна сигнализација, да не управуваат моторно возило под дејство на алкохол и да не ги потценуваат опасностите, ризикот и заканите кои ги носи брзото возење и заморот. 

    Сообраќајот ќе се одвива безбедно и непречено единствено доколку сите учесници во сообраќајот се максимално одговорни – потенцира Гордана  Кожуваровска – Претседател на Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата.

    Животот дава само една можност, а сообраќајот не простува грешки, затоа бидете одговорни, почитувајте ги правилата за ограничување на брзината, не возете под дејство на алкохол,  патувајте подготвени и одморени .  Не го потценувајте ризикот и опасностите во сообраќајот затоа што тие ве следат во секој миг зад воланот.

    РСБСП со апел:  „ Тргни порано, вози побавно, стигни безбедно.  Оваа лето, безбедноста на прво место!“   – Вози одговорно!

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Мотоциклисти внимавајте и почитувајте ги сообраќајните правила
    Следна Објава:
    РСБСП со апел: Останете будни, концентрирани и внимателни секогаш кога сте позади воланот!
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Меѓународна конференција во Република Србија на тема:„Безбедност на сообраќајот во локалната заедница“

    Одржана јавна дебата „Безбедноста на пешаците – одговорност на сите нас“ по повод Недела на пешаците

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура
    • РСБСП и Македонското радио започнуваат директна соработка во насока на подигнување на јавната свест и сообраќајна култура
    • РСБСП апелира за безбедно и одговорно учество во сообраќајот за време на првомајските празници!

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS