РСБСП со апел: Биди одговорен учесник во сообраќајот! Биди дел од акцијата „Европски ден без жртви во сообраќајот“ – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    РСБСП со апел: Биди одговорен учесник во сообраќајот! Биди дел од акцијата „Европски ден без жртви во сообраќајот“

    1. Насловна
    2. Активности
    РСБСП со апел: Биди одговорен учесник во сообраќајот! Биди дел од акцијата „Европски ден без жртви во сообраќајот“
    19 септември 2018

    Безбедноста во сообраќајот на патиштата претставува сериозен предизвик, односно сериозен проблем во сите современи општества. Секојдневно на улиците ширум Европа, се случуваат сообраќајни незгоди со фатални последици, предизвикани од неодговорни возачи, возачи под дејство на алкохол итн. Соочувајки се со растечкиот и загрижувачки тренд на зголемен број настрадани лица во сообраќајни незгоди, покрената е иницијатива со која 19 септември 2018 година, се прогласува за Европски ден без жртви во сообраќајот.Брзината и брзото возење и понатаму остануваат критичен ризик-фактор што предизвикува сообраќајни незгоди со сериозни и фатални последици. Околу 40% од сообраќајните незгоди се предизвикани при возење со брзина поголема од дозволената. Според истражувањата, намалување на просечната брзина за 5% може да резултира со намалување на бројот на фатални сообраќајни незгоди за 30% .

    Токму затоа, оваа година Европскиот ден без жртви во сообраќајот, се реализира под мотото „Намалувањето на брзината спасува животи“.

    Секојдневно на улиците и на патиштата ширум светот, животот го губат околу 3500 лица, а околу 140 000 лица се повредени во сообраќајни незгоди. 

    Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата повикува да ја поддржиме иницијативата за одбележување на Европскиот ден без жртви во сообраќајот. Акцијата „Европски ден без жртви во сообраќајот“ се одбележува во сите земји во Европа, а целта на акцијата е за само еден ден да бидат спасени 3500 човечки животи. Секој од нас поединечно и сите ние заедно можеме да го направиме сообраќајот побезбеден. Можеме за само еден ден да спасиме 3500 човечки животи и многу повеќе доколку секој ден бидеме дисциплинирани и одговорни учесници во сообраќајот.Сообраќајна дисциплина, почитување на сообраќајните правила и прописи, почитување на поставената сообраќајна сигнализација, почитување на правилата за ограничување на брзината, неуправување моторно возило под дејство на алкохол, технички исправно возило,  користење безбедносен појас и заштитна кацига, користење детско седиште, некористење мобилен телефон при управување со возило … и многу други едноставни, добри и позитивни навики, спасуваат човечки животи.

    РСБСП со апел: Биди позитивен пример за безбедно учество во сообраќајот! За сообраќај без жртви – биди дел од кампањата „Европски ден без жртви во сообраќајот“!

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    Во новата учебна година, со заеднички сили до поголема безбедност на децата во сообраќајот!
    Следна Објава:
    Користете детско седиште за превоз на вашите најмили бидејќи безбедноста на децата нема алтернатива!
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Последни објави од РСБСП

    • Мото сообраќајно-едукативна активност наменета за пешаците, мотоциклистите, велосипедистите и корисниците на е-тротинети
    • Едукативно видео: На експресен пат почитувај ги правилата кои спасуваат животи!
    • Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS