Користете детско седиште за превоз на вашите најмили бидејќи безбедноста на децата нема алтернатива! – РСБСП | Р.С. Безбедност на Сообраќајот на Патиштата

Sign In / Sign Up

Email Us

    Контакт формата на веб страницата служи исклучиво за поднесување електронски пораки и контакт со Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата. Податоците испратени преку неа, како име и презиме, e-mail, телефон за контакт и содржина на пораката служат исклучиво за контакт со испраќачот на пораката и нема да бидат споделени со трети лица.

    Следете нè: /f16d
    • Контакт: +389 (0)2 2700 047

    • | ALB |
    • Насловна
    • РСБСП
      • Членови
      • Претседател
      • ОСБСП
      • Програма за работа
      • Документи
      • Информации од јавен карактер
      • Јавни Набавки
    • Активности
      • Конференции
      • Корисни Совети
      • РСБСП Издвоено
      • РСБСП во медиумите
    • Кампањи
    • Проекти
      • Млади
      • Пешаци
      • Автомобили
      • Велосипедисти
      • Моторциклисти
      • Деца во Сообраќајот
    • Изданија
      • Стратегии
      • Прирачници
      • Публикации
    • Контакт

    Користете детско седиште за превоз на вашите најмили бидејќи безбедноста на децата нема алтернатива!

    1. Насловна
    2. Проекти
    3. Деца во Сообраќајот
    Користете детско седиште за превоз на вашите најмили бидејќи безбедноста на децата нема алтернатива!
    21 септември 2018

    Што правите сите прво (или барем дел од вас) кога ќе седнете во автомобил? Се врзувате со појас, зарем не? Кога се превезувате на предните седиште, секогаш го правите тоа, а за појас на задните седишта, иако е задолжително, секогаш постои едно „ама“! А децата? Дали секогаш, без исклучок, се во своите седишта?

    Значи, повторно сме на тема: важноста од употреба на детски седишта и постојаната едукација на родителите по прашањето за безбедност на децата во сообраќајот!

    Имајќи ја предвид поразителната статистика кога е во прашање безбедноста на децата-патници во сообраќајот, може да се заклучи дека користењето на детските седишта се наметнува како нужна потреба.  Со други зборови, користењето на детските седишта, од една страна, е задолжителна законска обврска за деца до 5 години, но истовремено претставува и етичка и морална одговорност на секој родител или старател. Затоа, РСБСП уште еднаш потсетува: Деца помлади од 12 години не смеат да се превезуваат на предното седиште! Освен, во случај кога се превезува дете помало од 2 години во детско седиште таканаречено „јајце“ во кое детето се врти обратно од насоката на возење и под услов да се исклучени воздушните перничиња.

    Секој родител мора да биде свесен и одговорен кога е во прашање животот и безбедноста на децата, односно, користењето на детските седишта е одраз на родителската одговорност.  

    Оправдувања и изговори не смеат да постојатите. Цената што ја плаќа детето со својот живот поради тоа што родителите, немаат време, не сакаат или не се доволно информирани за користење детско седиште е огромна, односно не смеат да постојат изговори и оправдувања од типот:

    Одиме само до продавница, градинка или парк! Најголемиот број од сообраќајните незгоди, во кои страдаат децата, се случуваат кога патувате на кратко растојание во населено место.

    Го држам во раце! При судар во движење, низ силата која следи, детето/бебето добива таква маса што е невозможно да се задржи во раце. На пример: бебе од 5 кг, при судир во возење, со брзина од 50км на час, колку што е дозволено низ град, ќе има маса од 100кг. Обидете се да задржите 100кг во прегратка!

    Не сака детето, се буни! Децата се навикнуваат и учат. Потребно е трпение и доследност, а вам како родители ви е обврска да направите сѐ за безбедноста на вашите најмили.

    Ниту ние не сме се врзувале, па ништо не ни недостасува! Кога повеќето денешни родители биле деца, автомобили имало многу помалку и начинот на возење на поранешните и сегашните автомобили многу се разликувал.

    Фрлање пари бидејќи цените се превисоки! Апсолутен фаворит во неоправдани изговори да не се користи детското седиште. Посебно ако земеме во предвид дека цените на хомологациските детски седишта, што одговараат на ECE R44/04 или ECE R129 стандардите, се достапни за сечиј џеб. Останатото се ситници кои влијаат врз цената. За скапите играчки што секојдневно се купуваат на децата не треба и да се зборува. Затоа, нема оправдување бидејќи животот и здравјето  на вашето дете нема цена.По прашањето пак за правилна употреба на детските седиштата, и тука ситуацијата е загрижувачка! Речиси 90 проценти од родителите кои ги користат истите, прават немарни грешки поради недоволно знаење и искуство. Ви посочуваме неколку од нив:

    Несоодветно фиксирање на  детското седиште  и врзување на детето во него!

    Повеќето родители не се снаоѓаат баш најдобро со поставување на седиштето во возилото, а под тоа се подрaзбира недоволно затегнување на појасите, а со тоа и небезбедно фиксирање на седиштето. На тој начин, може да се постигне контраефект. Доколку се случи појасите кои го врзуваат детето и го врзуваат детското седиште да не се подеднакво добро затегнати или да се извртени, или да не се закопчани во сите точки – нивото на заштита на детето значително ќе паѓа.

    Исто така, чест проблем во есен и во зима е тоа што родителите не знаат дека децата не треба да ги седнуваат во седиштето со зимска облека. Напротив, безбедноста на децата во детското седиште се зголемува со нивно седнување во седиштето во „куќна“ облека, а откако ќе го  врзат со појасот, може да се покријат со соодветна прекривка!

    РСБСП со апел: Почитувани родители, секогаш бидете одговорни! Користете детско седиште и возете ги безбедно вашите најмили до посакуваната дестинација. Безбедноста на децата во сообраќајот, не е право на избор, туку ваша обврска!

    " Активности, ВозиОдговорно, РСБСП, Совети
    Претходна Објава:
    РСБСП со апел: Биди одговорен учесник во сообраќајот! Биди дел од акцијата „Европски ден без жртви во сообраќајот“
    Следна Објава:
    Кампања на РСБСП и Триглав “Безбедни училишта – безбедни првачиња“
    ЦЕЛНИ ГРУПИ
    • МЛАДИ

    • ПЕШАЦИ

    • АВТОМОБИЛИ

    • ВЕЛОСИПЕДИСТИ

    • МОТОРЦИКЛИСТИ

    • ДЕЦА ВО СООБРАЌАЈОТ

    СЛЕДЕТЕ НÈ НА FACEBOOK
    РСБСП

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    АКТУЕЛНИ КАМПАЊИ

    Активности на РСБСП

    Ученици од ОУ „Јоаким Крчовски“ од Волково во посета на РСБСП: Едукативно предавање за безбедноста во сообраќајот

    РСБСП во ООУ „Гоце Делчев“ – Босилово со активности во насока на зголемување на безбедноста на децата

    РСБСП и Техничкиот факултет во Битола го одбележаа Меѓународниот ден на сообраќајната култура

    Последни објави од РСБСП

    • РСБСП започнува со „Летна кампања 2025“ – Вози одморен!
    • Мото сообраќајно-едукативна активност наменета за пешаците, мотоциклистите, велосипедистите и корисниците на е-тротинети
    • Ангеловски за НМ: Превентивата е клучна за долгорочно намалување на ризиците и последиците од сообраќајните незгоди

    РСБСП за најмалите

    РСБСП за најмалите

    Instagram

    This error message is only visible to WordPress admins

    Error: No feed with the ID 1 found.

    Please go to the Instagram Feed settings page to create a feed.

    Logo
    РЕПУБЛИЧКИ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА СООБРАЌАЈОТ НА ПАТИШТАТА

    РСБСП ©

    Постојани врски:

    • ЗА РСБСП
    • Проекти
    • Кампањи
    • Активности
    • Изданија
    • Контакт
    • Политика за приватност
    • Информации од Јавен карактер

    Контактирајте нè:

    ул. „Ѓорѓи Димитров“ бр.13, 1000 Скопје

    Tel.: +389 2 2700 047

    РСБСП © | Политика за приватност | РСБСП Мејл
    Developed by RCRTS